fbpx
Таг: Порта „Македонија“

таг: Порта „Македонија“

Градот Скопје постави осум патоказни табли за туристите

Градот Скопје постави осум патоказни табли, на осум локации во центарот на градот, за промоција на културно-историските објекти и за полесна ориентација на граѓаните и на туристите. Како дел од проектот „Поставување туристички патоказни табли“, поставени се осум столба со три патоказни табли, кои ќе им послужат на посетителите и на граѓаните лесно да се ориентираат и да го посетат саканиот...

„Шарената револуција“: Играјте си вие со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго

Шарените револуционери денеска повторно ја обоија „Порта Македонија“ затоа што приодот кон плоштадот, каде што беше планирано да се протестира, беше затворен од кордон полицајци. Пред Портата демонстрантите порачаа дека ќе протестираат се дури целосно не се повлече аболицијата и претседателот Ѓорге Иванов не си даде оставка. Лупчо Николовски од СДСМ рече дека после толку потрошена енергија и после толку протести...

Демонстрантите ја симнаа заштитната завеса од Порта „Македонија“

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска ја симнаа заштитната завеса која беше поставена на Порта „Македонија“ и повторно фрлаа со боја. Белата завеса денеска беше поставена од градските служби за да не може да биде обоено ова здание од проектот „Скопје 2014“. Пред тоа, на пат кон Собранието, демонстрантите повторно ја обоија зградата на Министерството за правда. https://twitter.com/meta_agency/status/733710522781204480 Инаку, денеска демонстрантите носеа кукли...

Уставен суд се закити со три големи македонски знамиња

На зградата на Уставниот суд поставени се три големи македонски знамиња, како тоа што беше поставено на Порта „Македонија“ по протестот одржан од ГДОМ во четвртокот. Денеска знамето што се вееше на Порта „Македонија“ го нема, а поставени се три на Уставниот суд. Полицијата во моментов го напушта просторот околу Судот. Таму беа присутни голем број специјалци поради најавата на граѓанската иницијатива „Протестирам“ дека...

Ден по протестот: Воинот поцрвени, Самоил ослепи, графитите се намножија

Крваво црвена стана водата во фонтаната „Воин на коњ“ на плоштадoт Македонија откако утринава таму била истурена темноцрвена боја. Вчера, пак, демонстрантите во водата истурија прашок за перење, по што во фонтаната се направи големо количество сапуница. Активистите велат дека со таа герила-акција сакале да предупредат дека ниту аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов нема да го испере криминалот што го направила...

Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата. Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го гневот на толпата на себе, но дел од редарите успеаја да го издвојат и да го тргнат настрана. Граѓани,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...