fbpx

„Шарената револуција“: Играјте си вие со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго

-

Шарените револуционери денеска повторно ја обоија „Порта Македонија“ затоа што приодот кон плоштадот, каде што беше планирано да се протестира, беше затворен од кордон полицајци.

Пред Портата демонстрантите порачаа дека ќе протестираат се дури целосно не се повлече аболицијата и претседателот Ѓорге Иванов не си даде оставка.

Лупчо Николовски од СДСМ рече дека после толку потрошена енергија и после толку протести конечно добиле неколку битки.

– Пука бетонот на ВМРО-ДППМНЕ и на Никола Груевски. Нема да се откажеме додека не се исполнат сите наши барања – рече Николовски.

Тој додаде дека протестира затоа што не сака да живее во држава со заробени институции и каде што изборите се спроведуваат со страв и закани и во која има неслободни медиуми.

Активистката Жаклина Мијалковиќ рече дека се пријавила да зборува на протестот затоа што на нејзините другари Владимир Куновски и Здравко Савевски од Левица утре ќе им се суди за дело што не го направиле.

– Моите другари се луѓе кои не се откажуваат. И на крај ќе победат и ќе го добијат она што го бараат – рече Мијалковиќ.

По нејзиниот говор следеше неколку минутно скандирање на името на Савевски.

Активистката Симона Спирковска на поранешниот премиер Никола Груевски му порача дека нема да му ги заборави медиумите, Мартин Нешковски, малата Тамара како и малтретирањето на средношколците.

– За сите ќе ни платиш Николај. Додека ти се бориш да си ја спасиш сопствената кожа, евентуално и кожата на батко ти Сашо, ние се бориме за демократија. Додека ти и фикусот го браните ајварот, ние ја браниме демократијата. Играјте си вие слободно со ајварот, ние ќе се погрижиме за се друго – порача Спирковска.

Таа упати и порака до претседателот Иванов дека „Шарената револуција“ бара целосно укинување на аболицијата и негова оставка и се додека не се остварат овие барања протестите ќе продолжат.

Протестот и утре ќе почне во 18 часот пред СЈО, а маршрутата на движење ќе се договара на самото место.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...