fbpx
Таг: комерцијална банка

таг: комерцијална банка

ЕБОР со кредит од 2,5 милиони евра ќе ги кредитира малите и средни претпријатија

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува кредит до 2,5 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје за натамошно кредитирање на локалните бизниси, за инвестиции во надградба на производните капацитети и усогласување со Директивите на ЕУ во областа на заштита на животната средина, безбедноста на работниците, и квалитет и безбедност на производите, информираат од таму. На тој начин, како...

Јавноста со сомнежи за пожарот во Инспекторатот за животна средина, директорот тврди предметите се безбедни

Сите предмети на Државниот инспекторат за животна средина се безбедни, тврди директорот на оваа институција Фејзула Спахија. Откако во јавноста излегоа многубројни шпекулации дека пожарот, кој вчера ги пеплоса канцелариите на Инспекторатот и на уште неколку други државни институции, неповратно уништил документација меѓу која се и чувствителни предмети, од оваа институција ги негираат ваквите тврдења. Спахија за „Мета“ вели дека...

Витаминка го купи имотот на „Брилијант“ за 7,3 милиони евра

„Витаминка“ денеска потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална Банка, за сума од 7,3 милиони евра. Прилепскиот прехранбен гигант со тоа стана сопственик на објекти од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри, како и подвижни ствари и марките на пропаднатата компанија. „Правиме еден голем чекор напред што ќе значи...

„Фени“ отиде во стечај

Основниот суд Велес денеска го усвои предлогот за стечајна постапка на комбинатот „Фени“ од Кавадарци, кое го поднесоа „Комерцијална банка“, „Стопанска банка“ и „Силк роуд банка“. Не беше прифатена понудата за купување од бугарската фирма „Енекод“ од 65 милиони евра, од кои 29 милиони евра долг кон банките. За стечаен управник е назначен Мирослав Анастасиевски од Гостивар. Трите банки доверители во рок...

Комерцијална банка ги зголеми каматите на кредитите и на денарските штедни влогови

Комерцијална банка ги зголеми каматите на дел од денарските кредити за население за максимум 0,5 проценти годишно. - Согласно Договорот за кредит, Банката ќе испрати писмено известување на домашна адреса на корисниците на кредит, кое содржи податоци за извршената промена, висината на каматната стапка и податоци за висината на месечниот ануитет по промената на каматната стапка - информираат од таму. Истовремено, банката не изврши...

Комерцијална банка: Нема да има ограничувања при користењето картички во Грција

Со оглед на актуелната состојба во Грција и воведувањето капитални контроли, Комерцијална банка АД Скопје ја информира јавноста дека со картичките издадени од банката, граѓаните нема да имаат никакви ограничувања при користење во Грција. - Врз основа на комуникацијата со компаниите „Виса интејнејшнел“ и „Мастеркард ворлдвајд“, во моментов нема да има никакви ограничувања од страна на банката при користење на...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...