fbpx
Таг: Горан Стефановски

таг: Горан Стефановски

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Горан Стефановски фото: Општина центар
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на Стефановски – 27 април. Фондацијата се основа на иницијатива на Факултетот за драмски уметности – Скопје, каде Стефановски предаваше долги години, пред да го продолжи својот животен пат во Велика Британија....

Попладнево во Дебар Маало ќе се одбележат 70 години од раѓањето на Горан Стефановски

Денес во 17 часот покрај клупата на Горан Стефановски во Дебар Маало, проследено со тивка акустична музика од бендот „Amniotic Fluid“ ќе се одржи настан на кој ќе бидат вклучени сијаличките во паркот и симболично ќе се одбележат 70 години од раѓањето на еден од најголемите македонски драматурзи и писатели. Настанот кој ќе биде повод низ дружење и неформален разговор...

Општина Центар ја прифати донацијата од семејството на Горан Стефановски за негово спомен обележје во Дебар Маало

Горан Стефановски фото: Општина центар
На последната 63. седница на Советот на Општина Центар, советниците ја усвоија Одлуката за прифаќање донација од семејството на писателот Горан Стефановски и на Здружението за промоција и зачувување на културното наследство на Стефановски. Во знак на сеќавање на доајенот на македонската современа книжевност, семејството Стефановски ќе ја подари скулптурата на Општина Центар, со цел да се реализира Одлуката за...

Споменикот во чест на Горан Стефановски наскоро ќе биде поставен во Дебар Маало

Општина Центар заедно со семејството на починатиот писател, режисер, сценарист, драматург и еден од најзначајните ликови во македонската култура, Горан Стефановски наскоро ќе постават споменик во негова чест во Дебар Маало. „Симболичниот споменик е веќе излеан, се наоѓа во Лондон, Велика Британија и ќе биде поставен во паркчето кое се наоѓа спроти бараките на општината, веднаш до чинарот, кој минатата...

Уметници со емотивни пораки го одбележаа роденденот на Горан Стефановски (Видео)

Mакедонскиот драмски писател, Горан Стефановски е роден на денешен ден, 27 април 1952 година во Битола. Во негова чест, група уметници меѓу кои негови блиски соработници и пријатели, преку видео порака ги споделија емотивните сведоштва за писателот. https://www.youtube.com/watch?v=b2BO0wu-qeM Деновиве требаше да биде поставена и клупата, постхуман споменик за Стефановски, но поради пандемијата со корона вирусот и затворањето на границите, поставувањето на...

Поради пандемијата одложено е поставувањето на споменикот за Горан Стефановски

Поради мерките за спречување на корона вирусот, одложено е поставувањето на споменикот за македонскиот драмски писател Горан Стефановски. Клупата требаше да се донесе од Лондон и да биде поставена во Дебар Маало. Минатата година, Општина Центар го најави поставувањето на овој споменик во негова чест. „Денеска, околу ова време, требаше да се собереме во Дебар Маало за да ја откриеме...

Со „Љубовни пози на историјата“, прилепскиот театар освои три награди во Никшиќ

Народен театар „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, се закити со три награди на Меѓународниот фестивал на актерот што се одржа во Никшиќ, Црна Гора. Актерката Ангела Наумоска освои Гран при за епизодна женска улога, а Гран при за епизодна машка улога освои актерот Зоран Иваноски. И наградата за колективна игра отиде во рацете на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“, кој се натпреваруваше со...

Почина Горан Стефановски

Во Велика Британија синоќа ненадејно, на 66 годишна возраст, почина познатиот македонски драматург Горан Стефановски. Тој беше универзитетски професор и еден од најплодните драмски автори во македонската историја, автор на познатите драми „Диво месо“, „Лет во место“, Дупло дно“ и „Тетовирани души“. Беше и еден од креаторите на детската ТВ серија „Бушава азбука“ која се емитуваше на Македонската радио телевизија....

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...