Уметници со емотивни пораки го одбележаа роденденот на Горан Стефановски (Видео)

Mакедонскиот драмски писател, Горан Стефановски е роден на денешен ден, 27 април 1952 година во Битола. Во негова чест, група уметници меѓу кои негови блиски соработници и пријатели, преку видео порака ги споделија емотивните сведоштва за писателот.

Деновиве требаше да биде поставена и клупата, постхуман споменик за Стефановски, но поради пандемијата со корона вирусот и затворањето на границите, поставувањето на споменикот е одложено.