!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Дваесет загинати и десетици повредени во несреќа на водопад во Гана


Акра, 20 март, 2017 - 12:45 (META) 

Најмалку 20 лица загинаа, од кои повеќето средношколци, а 22 се повредени откако дрво паднало врз нив додека биле во посета на популарен водопад во Кинтампо, Гана.

Спасувачките екипи со моторни пили се обидуваат да го исчеат дрвото под кое сè уште има заробени лица.

Според сведочењата, најголем дел од присутните биле средношколци од средното училиште „Венчи Сениор“, но исто така имало и голем број туристи кога се случила несреќата.


Тридневна жалост во Гана


Акра, 5 јуни, 2015 - 11:27 (META) 

Сто и педесет лица загинаа во експлозијата на бензинската пумпа во главниот град на Гана, наведе претседателот Џон Махама, прогласувајќи тридневна жалост во земјата.

Експлозијата предизвикала пожар кој избил на терминалот за камиони, а потоа се проширил на бензинската пумпа и на околните згради. Според првичните информации, пожарот бил предизвикан од несреќен случај и не е последица на терористички напад, соопшти портпаролот на противпожарните служби.

Главниот град Акра бил зафатен со поројни дождови, поради кои многумина побарале засолниште на бензинската пумпа. Како последица на дождот, поплавени се многу згради и сообраќајниците.


Се зголемува бројот на загинати во експлозијата во Гана


Акра, 4 јуни, 2015 - 20:07 (META) 

Повеќе од 90 загинати и десет повредени е последниот биланс од експлозија на гас на бензинска пумпа во главниот град на Гана, јавуваат светските медиуми.

Локалните власти велат дека на бензинската пумпа имало многу лица кои побарале засолниште од силниот дожд.

Силниот дожд во Акри предизвика поплави и прекин во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населби. Сè уште не е позната причината за пожарот на бензинската станица.


Русија прати помош за борба со еболата во пет африкански држави


Москва, 31 октомври, 2014 - 12:29 (META) 

Помош за борба против епидемијата на ебола, испорача Русија во пет африкански држави. Пакетите ги исфрли транспортен авион на руската компанија „Волга-Дњепар“.

Се работи за пет контејнери, секој со 18 тони заштитни и други средства, изјави по телефон член на екипажот на авионот од Абиџан, јави ТАСС.

Руската помош е испорачана во ДР Конго, Гана, Мали, Гвинеја-Бисао и во Брегот на Слоновата Коска.

Товарот е доставен во согласност со препораките на Советот за безбедност на ОН.