fbpx
Таг: Фолксваген

таг: Фолксваген

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови. „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден спорниот софтвер и на секој сопственик да му исплати до 10.000 долари. Договорот предвидува и уплата...

Германското обвинителство го претресе седиштето на „Фолксваген“

Германското обвинителство денеска го претресе седиштето во „Фолксваген“ во Волфсбург во врска со мерењата со издувните гасови. Во соопштението се наведува дека целта на претресот е да се „осигураат документи и уреди за складирање податоци“, што можат да идентификуваат вклучување во скандалот и да објаснат како дошло до тоа. Со скандалот се опфатени околу 11 милиони автомобили во Европа и во САД.

Германија покрена истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“

Германското обвинителство отвори истрага против поранешниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поради скандалот во кој се најде компанијата поради лажирање податоци за издувните гасови на возилата. Во соопштението се додава дека истрагата има цел да утврди кој е одговорен. Во обвинителството пристигнале повеќе кривични пријави, меѓу кои и една што се однесува на фирмата „Фолксваген“, а во која се наведуваат имињата на осомничените. „Фолксваген“...

Директорот на „Фолксваген“ поднесе оставка

Генералниот директор на „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, поднесе оставка поради манипулациите со тестовите на дизел-автомобилите на пазарот во САД, јавува „Би-Би-Си“. „Шокиран сум од настаните што се случија изминатите денови. Ова го правам во интерес на компанијата, иако не сум бил свесен за какви било лоши постапки од моја страна. Со својата оставка отворам пат за нов почеток“, стои во неговата изјава. Германскиот...

„Фолксваген“ издвојува 6,5 милијарди евра за сервис на возила

Германскиот произведувач на автомобили „Фолксваген“ денеска соопшти дека ќе одвои 6,5 милијарди евра за сервис и за други трошоци поврзани со скандалот за мерење на издувните гасови во САД. „Фолксваген“ вчера изгуби околу 15 милијарди долари од пазарната вредност откако акциите паднаа за 17 отсто по признавањето дека ги лажирале мерењата на емисиите на гас во САД за околу 500.000...

За 20 отсто падна вредноста на акциите на „Фолксваген“

Акциите на „Фолксваген“ утринава изгубија повеќе од 20 отсто од вредноста, што е најголем еднодневен пад во нивната историја, откако американската Агенција за заштита на средината (ЕПА) ја обвини компанијата за маскирање и за лажирање на податоците за емисија на штетни гасови. Германија најави истрага за да се утврди дали практиката е користена и во ЕУ. ЕПА во петокот соопшти дека...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...