fbpx
Таг: џихадисти

таг: џихадисти

Заврши заложничката драма во Буркина Фасо, џихадистите убиени

Најмалку 20 лица загинаа, а многумина беа земени како заложници во нападот што го изврши Ал каеда на хотел во главниот град на Буркина Фасо. Синоќа најмалку тројца вооружени мажи го нападнаа хотелот „Сплендид“ и држеа заложници во текот на ноќта. Пред тоа два автомобили-бомба експлодираа пред хотелот. Безбедносните сили утринава извршиле контранапад и ги ослободиле заложниците. Ослободени се 126 заложници, а тројца...

Турција: Уапсени 33 осомничени членови на ИД

Триесет и три осомничени џихадисти се уапсени, од кои 16 странци во акциите на турската полиција во Истанбул и во Адана, соопштија денеска властите во Анкара. Десет лица се уапсени во пет квартови во Истанбул, додека другите се уапсени во Адана. Уапсените, наводно, биле во контакт со ИД и патувале во конфликтните зони. Полицијата соопшти дека 15 од уапсените се Египќани,...

Џихадистите наредиле затворање три факултети во Аден

Џихадистите денеска наредиле затворање на три факултети на универзитетот во Аден, на југот на Јемен, за да ги принудат студентите од различен пол да не се мешаат во кампусите, велат очевидци. Станува збор за втор инцидент од овој тип во Аден, втор град по големина во Јемен, каде ривалските групи Ал каеда и Исламска држава во последните месеци го користат хаосот...

Ердоган: Не сакам односите со Русија да се влошат

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека никој нема право да ја клевети Турција обвинувајќи ја дека купува нафта од Исламска држава. Тој изјави дека е подготвен да поднесе оставка ако се докаже дека таквите обвинувања се вистинити. Ердоган во говорот на универзитет во главниот град на Катар, Доха, рече дека не сака односите со Русија да се влошат. Претставници на...

„Коха диторе“: Најмалку седум борци на ИД се кријат околу Скопје

Најмалку седум косовски државјани што се бореле на страната на Исламска држава (ИД) во Сирија пред три недели се вратиле на Балканот и се засолниле во регионот на Скопје, пишува денеска косовскиот весник „Коха диторе“. Повикувајќи се на информации од разузнавачките агенции, вклучувајќи ја и косовската, весникот пишува дека меѓу џихадистите повратници биле и Лавридим Мухаџери и Ридван Хакифи и уште...

Групата Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во Бамако

Терористичката џихадистичка група Ал мурабитун ја презеде одговорноста за инцидентот во хотелот „Радисон блу“ во Бамако. Ал мурабитун е група што ја сочинуваат државјани од северните региони на Мали и на нејзино чело се наоѓа поранешен припадник на Ал каеда, Мухтур Белмухтар. Точноста на тврдењата на оваа група сè уште не може да биде потврдена, пренесува „Ројтерс“. Според последните информации, вооружените напаѓачи ослободиле 80...

Убиени 33 џихадисти на ИД за 72 часа

Најмалку 33 борци на Исламска држава се убиени во текот на последните 72 часа, со воздушните напади на француските и на руските сили на северот на Сирија, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Директорот на опсерваторијата со седиште во Лондон, Рами Рахман, навел дека повеќе од десетина борци на ИД се ранети во нападите извршени во неделата, понеделникот и во вторникот. Воздушните напади...

Во Турција уапсени 30 осомничени џихадисти

Турската полиција утринава приведе 30 лица за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава. Полицијата спровела истовремена рација во куќи за кои имало сомневање дека се ќелии на ИД во градот Конија, во централниот дел на Анадолија. Вчера во градот Дијарбакир на југоистокот на земјата дошло до конфликт помеѓу џихадисти и турската полиција, во кој загинале двајца полицајци и,...

Пристигна руското оружје, се засилуваат нападите врз ИД

Сириските сили ги интезивираа воздушните напади на древниот град Палмира, кој го држат џихадистите, убивајќи повеќе од стотина луѓе изминатите денови. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека меѓу загинатите има и цивили и нагласи дека нападите се интензивираат, веднаш по доставувањето ново оружје, вклучувајќи и воени авиони од Русија. Од петокот загинаа најмалку 33 цивили и...

ИД повикува на освојување на Истанбул

Маскиран џихадист, кој се претставува како припадник на радикалната Исламска држава, ги повика Турците да се кренат против претседателот Реџеп Таип Ердоган, кого го нарекуваат наверник и да помогнат во освојувањето на Истанбул. Џихадистот на турски јазик во пораката го обвинува претседателот дека им ја продал земјата на крстоносците, и им дозволил на Американците да ги користат турските воздухопловни бази...

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми. Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за виновен поради организирање и водење...

МВР уапси уште еден осомничен во акцијата „Ќелија“

Екипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера, во рамките на акцијата „Ќелија“, привеле уште едно лице, кое е осомничено дека било дел од групата што врбувала македонски државјани за учество во борбите во Сирија и во Ирак, на страната на џихадистите од Исламска држава. Како што соопштува МВР, станува збор за 24-годишниот Ф.И. од Скопје, кој според досегашните сознанија од...

Британските тајни служби стравуваат од напад на кралицата Елизабета од исламистите

Британските тајни служби дојдоа до вознемирувачки информации дека Исламската држава подготвува атентат на кралицата Елизабета Втора, за време на прославата од годишнината од Втората светска војна. Атентатот кој, наводно, бил планиран од џихадистите од Сирија, ја крена на нозе известувачката агенција МИ5, но Скотланд јард тврди дека плановите околу одбележувањето на 70-годишнината од победата над Јапонија, можат да продолжат без...

Денеска во Турција повторно се спроведуваат рации за апсење на припадници на Исламската држава

Рано утринава, турските безбедносни сили повторно почнаа акција за апсење на осомничени припадници на Исламската држава, како и на забранетата Курдска работничка партија, јавуваат медиумите во Турција. Рациите се спроведени во повеќе турски градови и провинции. Турските власти вчера притворија 251 лице во координирани рации извршени против осомничени џихадисти на ИД и курдски милитантни активисти, по бранот напади во земјата.

Новинар од Турција добил отказ зашто ја критикувал политиката на Ердоган

Турскиот весник „Милиет“ му дал отказ на еден од најпознатите коментатори затоа што ја критикувал политиката на претседателот Ердоган, во однос на џихадистите од Исламска држава. Раководството на весникот објави дека договорот со новинарот Кадри Гурсел го прекинале затоа што тој на „Твитер“ објавил коментар што бил спротивен на уредувачката политика. Новинарот го обвинил претседателот дека е главниот фактор за подемот на ИД...

Анкара негира дека борци на ИД влегле во Сирија преку Турција

Официјална Анкара ги негира тврдењата дека џихадистите на Исламска држава влегле во сирискиот град Кобане преку турската граница. Според некои извештаи, четири автомобили на припадници на ИД го преминале граничниот премин со Турција и се упатиле кон Кобане. Опсерваторијата за човекови права соопшти дека борците на ИД извршиле егзекуција над најмалку 20 сириски Курди, а меѓу нив имало жени и деца. Претходно во...

Котевски: МВР е подготвено да реагира на сите закани

„Министерството за внатрешни работи (МВР) ја следи безбедносната состојба и сите најави, сознанија, информации што дооаѓаат и доколку е потребно, Министерството е подготвено да дејствува“, изјави за „Мета“ помошник-министерот за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, во врска со информациите што ги објавуваат албанските и косовските медиуми за наводни терористички напади што припадници на Исламска држава (ИД) од Балканот...

ОН: Џихадистите продаваат жени за кутија цигри

Борците на Исламската држава во Ирак и во Сирија продаваат киднапирани тинејџерки на пазарот за бели робје понекогаш и за кутија цигари, изјави специјалната претставничка на Обединетите нации за прашањето за сексуалното насилство, Заинаб Бангура. Таа во април ги посетила Ирак и Сирија и оттогаш работи на акциски план за решавање на проблемот со сексуланото насилство, кое го прават џихадистите на...

Џихадистите ја зазедоа ирачката страна на сирискиот граничен премин

Екстремната џихадистичка организација Исламска држава ја зазеде ирачката страна на важниот премин на границата со Сирија, откако ирачките сили се повлекле. - Исламска држава утринава го зазеде граничниот премин Ал Валид на границата меѓу Ирак и Сирија, по повлекувањето на војската и ирачката гранична полиција - изјавија официјални службени лица. Исламската држава минатата година го зазеде вториот премин на границата меѓу...

Канада: Уапсени 10 лица што сакале да им се приклучат на џихадистите

Канадската полиција уапсила 10 млади лица, кои се обиделе да ја напуштат земјата и да им се приклучат на џихадистите во Турција и во Сирија. Полицијата потврди дека апсењата се случиле минатиот викенд и оти истрагата продолжува. Пасошите на уапсените се запленети, а досега не е подигнато ниту едно обвинение, објави канадската медиумска мрежа „Си-Би-Си“. Полицијата соопшти дека истражителите се сретнале со...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...