fbpx
Таг: Брегалница

таг: Брегалница

Обилните врнежи го зголемија водостојот на сите реки

Обилните врнежи од дожд го зголемија водостојот на сите реки во земјава, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Двојно е зголемено нивото на реките Вардар, Треска, Крива Река и Сатеска, а над просекот за ноември е водостојот на реките Пчиња, Брегалница, Црн Дрим и Црна Река. Кај езерата, минимално е зголемено нивото на  Дојранско Езеро, додека Охридско и Преспанско Езеро се околу...

Шестмина полицајци повредени по натпреварот Брегалница – Пелистер

Шестмина полицајци се повредени откако се обиделе да спречат физичка пресметка помеѓу навивачите на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Пелистер“. Битолските „чкембари“ сакале да се пресметаат со штипската „фаланга“ по фудбалскиот натпревар кој нивните тимови го играа вчера во Кочани и заврши нерешено. „Автобус со навивачи на „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал по поминати стотина метри и од него излегле 20-30 навивачи...

Пропадна тендерот за продажба на ФК „Брегалница“

Една понуда пристигнала на јавниот повик за продажба на фудбалскиот клуб „Брегалница“ од Штип. На денот кога требаше да бидат отворени понудите, Општината Штип одлучи да го поништи тендерот и уште веднаш распиша нов. Според објаснувањето од Општината, тендерот требало да биде меѓународен, со објава во странски медиум. Имено, идејата била да привлечат странски инвеститори. Отворањето на понудите имаше голем...

Фудбалскиот клуб „Брегалница“ ќе се продава на берза

Општината Штип, преку основен пакет на акции во износ од 25.000 евра, на берза ќе го продава акционерското друштво „Брегалница 2008“. Оваа одлука ја официјализираше мнозинството на седницата на Советот на Општината Штип. Ова е обид прволигашот „Брегалница“ да стане вториот градски фудбалски клуб, по примерот на „Вардар“, кој ќе се продава на Македонската берза за хартии од вредност. Општината Штип...

Брегалница го отсече кочанско Прибачево

Реката Брегалница се излеа на триста метри до првите селски куќи во кочанското село Прибачево. Во опасност се доведени не само нивите, туку и селските куќи. Поради ерозија на земјиштето, Брегалница го сменила својот тек. Однесени се околу десет хектари оризoви посеви. Земјоделците ги повикаа институциите да интервенираат со градежна механизација и да ги заштитат куќите и имотите. - Немаме пат....

Браната Калиманци закана за домовите во селото Чифлик

Испуштените води од браната „Калиманци“ го зголемиja водостојот на реката Брегалница што претставува закана за десетина куќи во кочанското село Чифлик, каде според општината Чешиново–Облешево нема заштитни бедеми. Водата е дојдена до дворовите на куќите, а жителите реагираат дека таа требало да се испушти порано, пред врнежите. Раководителот на Регионалната водостопанска организација, Никола Гацов, информира дека се испуштаат 49 кубни метри вода во секунда...

Обилниот дожд не донесе големи поплави во источна Македонија

Насочувањето на облаците кон јужниот дел на Македонија го спаси кочанскиот и штипскиот регион од поголеми поплави и излевање на реката Брегалница. Во Берово врне снег, додека во пониските делови ситен дожд. Од претходните врнежи поплавени се земјоделски површини во општината Чешиново-Облешево, а во одбрана на куќите во ризичното село Уларци, превентивно се распоредени вреќи со песок покрај реката Брегалница. Сепак,...

Се прелеваат браните Градче и Калиманци, подготвени 5.000 вреќи песок

Додeка се најавуваат обилни врнежи од дожд во попладневните и во вечерните часови, тешката механизација е на терен во Кочанско за расчистување на неколку канали кои се закануваат со поплавување на селата Чифлик, Чешиново и Облешево. Дополнително се градат наноси на реката Бегалница кај Чешиново за да се заштитат блиските куќи, кои минатата година настрадаа во поплавите. Синоќа заседавал Кризниот штаб, каде е договорено...

Дождовите отсекоа село во Кочанско

Надојдените води од околните ниви го отсекоа од општината Чешиново – Облешево селото Теранци. Водата, според Општината, го поплави патот и влезот во мостот што води до селото, па сега жителите го користат подолгиот пат преку Зрновци. Водата полека се повлекува, но патот сè уште е затворен. Како што соопшти портпаролката на Општината Чешиново – Облешево, Катерина Постолова, Министерството за земјоделство,...

Закани од поплави во Источна Македонија

Критично е нивото на реката Брегалница кај Ново Село во Штип, каде и лани имаше поплави. Нивото на водата е 312 сантиметри, а надминувањето на нивото од 250 сантиметри се смета за критично. Лани во време на големите поплави во Источна Македонија, водостојот на Брегалница изнесуваше 380 сантиметри. Вообичаено нивото на реката е околу 120 сантиметри. Добрата вест е...

Се бара виновникот за поцрвенувањето на Брегалница

Водата во реката Брегалница рано претпладне целосно се избистри. Синоќа речиси два часа течеше црвена вода. Кај населбата Македонка, на местото каде водата беше најцрвена, беше државниот еколошки инспектор Владимир Черкезов, кој зел примероци од водата. - Не знаеме од каде истекуваат црвените води. Граѓани пријавија и во саботата. Излегов на терен и пет часа барав начин да дојдам до виновникот. Во...

Поцрвене реката Брегалница

Вторпат во само неколку дена, водите на реката Брегалница се црвени. Црвената вода тече од населбата Македонка, пред Штип, каде се наоѓа колекторот за отпадни канализациони води, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката за деним и џинс, „Јагје Мезлер“. Ова е вторпат за само неколку дена водата во реката да стане црвена, а третпат е со сменета...

Итно се евакуираат жителите од Лакавичко

Итна евакуација е побарана од жителите на лакавичкиот регион. Прели акумалацијата Мантово, поради што Кризниот штаб апелира до жителите да ги напуштат домовите и со себе да ја земат стоката и да се упатат на повисоките места. Итниот апел се однесува особено за жителите на селото Лакавица да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот да се однесе што е...

Влатко Костов, нов тренер на ФК Брегалница од Штип

Повратникот од Обединетите Арапски Емирати, штипјанецот Влатко Костов, е новиот тренер на ФК Брегалница. Костов беше промовиран на денешната прес-конференција во општината Штип, која се јавува како главен спонзор на клубот. Костов најави консолидација на тимот во рамките на сегашните можности, со која ќе направи обид да ја помести Брегалница од претпоследното место на прволигашката табела. Новиот тренер на Брегалница...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...