fbpx
Таг: Алжир

таг: Алжир

„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Алжир е убав како Америка“

Издавачот „Бункер“ во рамките на едицијата „Апсолутни почетници“ го издаде осмиот графички роман „Алжир е убав како Америка“ од француските автори Оливија Бартон (сценарио) и Махи Гран (цртеж). Делото ги истакнува комплицираните односи помеѓу Алжир и Франција, а од „Бункер“ велат дека ниту една болна тема не останува недопрена, па така, во графичкиот роман се присутни колонијализмот, расизмот, војната и...

Како „Курир“, „БХДИјаспора“ и Русинот Черниговски го излекуваа ракот со постење од вистината

Со само една статија објавена завчера на еден сајт од Северна Македонија, беа прекршени неколку правила на новинарската професија, но истовремено и се потврди дека во дигиталното доба е многу лесно да се прошират дезинформации, иако во исто време на располагање се сите алатки за да се провери дали нешто што се објавува е вистина или само нечија „објава“....

Се урнаa воени авиони во Србија и во Алжир, загинаа над 200 луѓе

Во две одвоени несреќи на воени авиони, во Јужен Банат во Србија и во Алжир, загинаа над 200 луѓе. Според српските медиуми, во 9.30 часот во регионот Јужен Банат во Србија, меѓу селата Ковачица и Идвор, се урнал школско-борбен авион Супергалеб Г4, откако претходно двајцата пилоти се катапултирале, но за жал едниот од нив загинал при падот на земја. Другиот...

Турски авион приземјен во Алжир поради лажна тревога за бомба

Авион на компанијата „Туркиш ерлајсн“ е приземјен на аеродром во Алжир поради лажна тревога за подметната бомба, соопштија алжирските власти. Пилотот на авионот, кој летал од Истанбул за Мароко, одлучил да го приземји леталото во главниот град на Алжир затоа што една од патничките рекла дека поседува бомба, соопшти претставник на компанијата „Ер Алжир“, кој побарал да остане анонимен. Според изворот,...

Алжир прогласи осумдневна жалост поради смртта на Фидел Кастро

Алжир прогласи осумдневна жалост поради смртта на кубанскиот револуционер и поранешен претседател Фидел Кастро. Алжирските медиуми го опишаа Кастро како голем пријател на Алжир, кој дал голема поддршка на земјата во отпорот против Франција во периодот од 1954 до 1962 година. Кабинетот на претседателот на Алжир соопшти дека претседателот Абдулазиз Бутефлик донел одлука за осумдневна жалост по повод смртта на Фидел...

ИД ја презеде одговорноста за убиството на полицаец во Алжир

Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на алжирскиот полицаец, кој бил убиен додека вечерал во ресторан. Екстремистите, наводно, во петокот убиле полицаец и му го зеле оружјето во градот Константин, 400 километри источно до главниот град Алжир, јави исламистичката агенција „Амак“. Милитантите објавија слики од оружјето што го одзеле од полицаецот. Алжирските власти потврдиле дека „непозната терористичка група“ го убила полицаецот, но...

Еден загинат и 60 повредени во железничка несреќа во Алжир

Најмалку едно лица загина, а 60 се повредени во судир на два воза кај алжирскиот град Бумардес, јавуваат локалните медиуми. Веста за железничката несреќа ја потврди и директорот на националната железница на Алжир, Јасин Бенџабалах. Возовите сообраќале на релација меѓу главниот град Алжир и Тенија. Повредените патници веднаш се хоспитализирани. Засега не се откриваат повеќе детали за тоа како дошло до несреќата.

Се урна воен хеликоптер во Алжир – загинаа 12 војници

Дванаесет алжирски војници загинаа во пад на хеликоптер, објави алжирското министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во покраината Адрар, на југозападот на земјата и оти уште двајца војници се повредени. Истрагата е во тек, но причина за несреќата веројатно е лошата видливост која е последица на песочните бури кои во последните денови го зафатија регионот.

Убиени 22 милитанти во Алжир

Најмалку 22 милитанти поврзани со Исламска држава се убиени во нападот на алжирските војници, соопшти алжирското Министерство за одбрана. Војниците им поставиле заседа на милитантите во моментот кога имале состанок источно од главниот град Алжир, во близина на местото Буира. Регионот е познат како упориште на милитантите. - Ова е најголема антитерористичка операција, најголема според бројот на убиените милитанти – соопшти...

Претседателот на Алжир хоспитализиран во Франција

Алжир - Абделазис Бутефлика е префрлен во болница во Франција, јавуваат светските новински агенции, цитирајќи неименувани извори од една приватна болница во Гренобл. Засега не се знае каква е здравствената состојба на 77-годишниот Бутефлика, ниту, пак, од кои причини е хоспитализиран. Алжирскиот претседател минатата година преживеа мозочен удар, по кој неколку месеци беше на лекување во Франција. По закрепнувањето, Бутефлика се...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...