fbpx
Таг: седница

таг: седница

Членовите на Анкетната пак се скараа, Ставрески нема да сведочи

Седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која денеска требаше да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, е прекината. Членовите на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, како и вообичаено, повторно се скараа за дневниот ред, по што претседателот на комисијата, Петре Шилегов, ја прекина седницата. Во изјава за новинарите, Шилегов рече дека е целосно нефер кон граѓаните од вкупно...

Ставрески денеска треба да сведочи пред Анкетната комисија

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, денеска во 14.30 часот треба да сведочи пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Се очекува министерот за финансии, како и премиерот, да се повика на член 4, став 4 од деловникот за работа на комисијата и седницата да биде затворена. Според деловникот, први ќе поставуваат прашања двајца пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, еден од СДСМ и еден...

Собранието денеска ќе ги избира членовите на ДИК

Денеска, во 11 часот, во Собранието на Република Македонија ќе се одржи седница на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата, на која ќе се утврдува предлог-одлука за избор на претседател, потпретседател и на членови на Државната изборна комисија. По оваа комисиска седница се очекува да се одржи и пленарна седница, на која ќе се именуваат новите членови на ДИК. Лидерите на...

Во Собранието денеска три седници на комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и за буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. На седницата на Комисијата за финансирање и за буџет се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и на Законот за регистрирање готовински плаќања, во второ...

Миле Јанакиески не се појави како сведок пред Анкетната комисија

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, не се појави на сведочење пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Поради отсуството на Јанакиески, членовите на Комисијата не го изгласаа дневниот ред и седницата беше прекината. В четврток, на 17 декември, пред комисијата треба да сведочи министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој требаше да се појави на 10 декември, но поради...

Шилегов: Мијалков се плаши од вистината

„Денеска присуствувавме на продолжението на сагата наречена ,,да се оневозможи почетокот на работата на Анкетната комисија“. Три дена присуствуваме на иста завршница, но во различни сценарија. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да овозможи пред оваа анкетна комисија да се појават повиканите сведоци и тоа сака да го направи според свое определено сценарио“, вели Петре Шилегов, претседател на Анкетната...

Продолжение на 82. седница во Собранието

Првото продолжение на 82. седница денеска ќе се одржи во Собранието на Република Македонија. На дневен ред на седницата се предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за странците, по скратена постапка и предлог-законот за дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, по скратена постапка.

Денеска нова седница на Анкетната комисија

Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето денеска треба да ја продолжи седницата на чиј дневен ред е сослушување на сведоците што ги предложија партиите. Според јавно изнесениот распоред на претседателот на комисијата, Петре Шилегов, денеска пред членовите треба да се појават министерот за финансии, Зоран Ставрески, и советникот на премиерот, Мартин Протоѓер. Но, Ставрески вчера информирал дека не може да...

„Диво Насеље“: Одбраната ја бара Катица, обвинетите велат дека не биле терористи

Сите 29 обвинети за тероризам во случајот „Диво насеље“ се изјаснија за невини за делата за кои се товарат, на денешната јавната седница за оцена на обвинителниот акт за случувањата во Куманово од 9 и од 10 мај оваа година. Седницата се одвиваше под засилени мерки на обезбедување и со строги контроли при влезот во зградата на Врховниот суд. Поради...

Одложена седницата на Анкетната комисија за прислушувањето, нова закажана за утре

Одложена е седницата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето на која требаше да се изгласа деловникот за работа на комисијата. Претседателот на комисијата, Петре Шилегов, најави нова седница за утре во 14 часот. Шилегов вели дека остануваат уште две прашања поврзани со деловникот за работа на комисијата за кои е потребно партиите да се договорат, но и дека членовите се...

Пратенички прашања на седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 77. седница. На седницата ќе бидат поставувани пратенички прашања.

Денеска ќе се одржи прва седница на Анкетната комисија

Денеска во Собранието треба да се одржи прва седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да биде усвоен комисискиот деловник. Најавени се и седници на комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет, кои треба да расправаат за извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година. На дневен ред на Комисијата за финансирање и...

Собраниска расправа за стратегијата за проширување на ЕУ

Денеска во Собранието ќе се одржи јавна расправа за стратегијата за проширување на Европската унија, организирана од Националниот совет за евроинтеграции. Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство и за економски прашања, кои ќе ги разгледуваат соодветните поглавја од извештајот за напредокот на земјата за 2015 година.

Парламентот ги изгласа членовите на анкетната комисија

Со 81 гласа „за“, два „против“ и еден воздржан, Собранието ги изгласа претседателот, заменик-претседател и членовите на анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Анкетната комисија ќе има 16 членови, осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник. Претседател на анкетната комисија е Петре Шилегов, а заменик-претседател Горан Мисовски. Членови на комисијата се: Антонио Милошоски,...

Денеска продолжува седницата за буџетот

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра. Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и социјална компонента и очекува следната...

Собранието в понеделник ќе објави оглас за избор на нови членови на ДИК

В понеделник, Собранието на Република Македонија ќе донесе одлука за објавување конкурс за избор на нов претседател и на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК). За понеделник, според распоредот на Собрането, е закажана 73. седница, на која на дневен ред, покрај дополнување на предлог-буџетот на Република Македонија за 2016 година, е и предлог-одлука за објавување јавен оглас за избор на...

Собранието ги изгласа законите од Пржино

Пратениците  во Собранието на пленарна седница ги изгласаа законите кои политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино ги договорија во петокот. Пратениците по скратена постапка гласаа за измени и дополнувања во Изборниот законик, за измени и дополнувања на Законот за кривична постапка, за законот за заштита на приватноста, за законот за заштита на укажувачите и за законот за влада. Најголемите дебати се...

Пратениците се скараа за гласовите на дијаспората

Наместо дискусии и дебатa за Изборниот законик, пратениците вечерва на пленарната собраниска седница меѓусебно се обвинуваа за тоа кој има или нема легитимитет и кој колку реплики и закони предложил. Пратеникот од дијаспората, Павле Саздов, рече дека му е мило што политичките партии одлучиле дијаспората да гласа и дека најточните гласови доаѓале токму од дијаспората, затоа што тие имале активна...

Грчева: Ниту со овој Изборен законик нема надеж за плурализам

Точно е дека оваа политчка криза требаше да заврши со договор, но спорна е процедурата и голем број одредби од Изборниот законик, рече независната пратеничка Солза Грчева на пленарната собраниска седница на која се расправа за Изборниот законик. Според Грчева, Изборниот законик не остава простор за плурализам и за праведен натпревар меѓу сите политички партии. - Исто како во народната изрека „Сложни браќа...

СДСМ: Владејачката партија не сака денеска да се изгласаат новите министри

Пратениците на СДСМ сметаат дека владејачката партија намерно не сака денеска да се изгласаат и предлозите за нови министри, па поради тоа пленарната седница и комисиските расправи се закажани толку доцна. Ова го изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, кој на пленарната седница побара законот за влада, наместо последна, да биде прва точка на дневниот ред. – Бараме законот...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...