Тачи: Во Тетово ќе вложиме 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митингот во Тетово изјави дека за лошата состојба на Албанците виновни биле неговите политички противници од ДУИ. Тој побара Албанците на следните избори да го дадат гласот за ДПА, партија која нема да отстапи од нејзината платформа, која гарантира економска еднаквост на Албанците.

– Ние ќе победиме на овие избори, затоа што ние сме дел од цивилизираниот народ на Европа. Нашите политички противници ги донесоа Албанците на ова дереџе, без леб, но на нив ќе им дојде крајот – изјави Тачи.

Тој пред присутните рече дека ДПА ќе ја внесе Македoниja во НАТО за шест месеци, а Тетово во 2020 година ќе стане европска метропола во која ќе се инвестираат 300 милиони евра.

– Ние кога ќе дојдеме на власт, ќе бараме да се смени химната и да имаме вицепремиер. Сето ова ќе го реализираме по демократски пат, не како нашите противници, кои за да дојдат на власт, го жртвуваа албанскиот народ, ја уништија економијата на Албанците. Ви гарантирам дека во Тетово ќе се инвестираат 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето – изјави Тачи.