Сончево и топло време со локална облачност

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните делови од земјава ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 14 до 24 степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со утринска температура околу 4 Целзиусови степени и дневна до 22 степени.