Сончев и многу топол ден, попладне можен дожд со грмежи

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време, со мала до умерена локална облачност и со умерен југозападен и јужен ветер. Попладне можна е локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и со грмежи, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

Минималната температура ќе се движи од од 14 до 22 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Teмпературниот минимум е 20 Целзиусови степени, а живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 39 степени.