Се зголемува бројот на загинатите во земјотресот во Кина

Бројот на загинатите во земјотресот во Кина би можел да се зголеми и до 100 лица, проценуваат кинеските власти, по информациите дека потресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала оштетил околу 130.000 куќи во провинцијата Сичуан.

Кинеските медиуми јавуваат дека околу 1.000 лица се повредени во земјотресот чиј епицентар бил на 200 километри северозападно од Гуангјуан, на длабочина од 32 километри.

Кинеската државна новинска агенција јави дека властите ги организирале младите лица во регионот да помогнат во евакуацијата на жителите.