Радовишанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

Валандовската полиција поднела кривична пријава против Ш.С. (44) од Радовиш, кој е осомничен за злоупотреба на безвизниот режим со државите од Европската Унија и Шенгенскиот договор.

Како што информираат од полицијата, осомничениот во 2013 година, преку граничниот премин Табановце, транспортирал двајца жители од селото Колково, до градот Ајзенберг, во Германија, чија цел била да се пријават како баратели на азил.