среда, 13 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: азиланти | 22 резултати

Опаѓа бројот на барања за азил во ЕУ

август 6, 2018

Во првата половина на 2018 година во ЕУ, Норвешка и Швајцарија биле примени 301.390 барања за азил, што е пад за 15% во однос на првата половина на 2017 година, соопшти Европската канцеларија за азилска поддршка (ЕАСО). Во јуни годинава, пак, биле примени 1.600 барања за азил помалку отколку во мај. Денеска објавените бројки од […]

Кај Царовска стигнале само две забелешки за стратегијата за бегалците

август 8, 2017

Само две забелешки стигнале во Министерството за труд и социјална политика денеска, на последниот ден кога организациите или граѓаните може да даваат предлози или забелешки за нацрт-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017-2027 година и за предложениот национален акциски план за интеграција на бегалци 2017-2027 година. До вчера немаше стигнато ниту една реакција, иако […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ загрижен поради новата предлог-стратегија за бегалците

јули 31, 2017

Од централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека на саботната седницата, меѓу другото, изразиле загриженост од најавената нова стратегија за мигрантите на Владата на Република Македонија, со која, како што оцениле, „Владата се подготвува да прифати поголем број мигранти во Република Македонија“. „ВМРО-ДПМНЕ укажува дека давање државјанства на десетици илјади мигранти во Република Македонија и нивно […]

Никој не испратил забелешки за нацрт-стратегијата за бегалци

јули 31, 2017

До денеска не се стасани никакви предлози или реакции до Министерството за труд и социјална политика за предлог-нацртот на стратегијата за интеграција на бегалци и на странци 2017- 2027 година и за предлог-нацртот на националниот акциски план за интеграција на бегалци 2017- 2027 година, велат за „Мета“ од одделот за односи со јавноста на Министерство. […]

Европски суд: Легитимно е враќањето на азилантите во Хрватска

јули 26, 2017

Австрија и Словенија можат легитимно да ги враќаат во Хрватска барателите на азил што стигнале на нивна територија преку Хрватска во екот на мигрантската криза, одлучи денеска Европскиот суд за човекови прави. Судот заклучил дека во овој случај се применува Даблинскиот договор, според кој земјата на ЕУ во која барателот на азил прво влегол, треба да го […]

Стратегијата на Царовска за интеграција на бегалците била само „необврзувачки патоказ“

јули 22, 2017

Министерството за труд и социјална политика на својата веб-страница објави нацрт-верзија на нова стратегија за интеграција на бегалци и на странци и национален акциски предлог-план за период од 10 години, односно за периодот од 2017 година до 2027 година и истовремено посочи дека почнува јавна дебата за мерките предвидени во двата документа, која ќе трае […]

Грција формира нова комисија за брзо решавање на прашањето со азилантите

јуни 16, 2016

Грција денеска формирала нова комисија која треба да одлучува околу тоа кои мигранти треба да бидат вратени во Турција, врз основа на договорот меѓу Европската Унија и Анкара, а за да се забрза решавањето на прашањето со азилантите, јавуваат светските агенции. Ваквиот потег доаѓа откако постоечките 20 комисии ги блокирале најголемиот број од случаите за враќање […]

Барателите на азил во Австрија за една година ја чинеле државата 421 милион евра

јуни 8, 2016

Барателите на азил Австрија за една година ја чинеле 421 милон евра, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на таа земја. Лани на азилантите кои се нашле под државна заштита биле потрошени повеќе од 246 милиони евра, а годинава 175 милиони евра. До 30 декември 2015 година за помош од австриската држава се пријавиле 57.610 […]

Германија: Експлозивна направа фрлена на куќа на азиланти

јануари 29, 2016

Непознато лице во текот на изминатата ноќ во фрлило експлозивна напарава на куќа на азиланти во јужниот германски град Филинген-Швенинген, соопшти полицијата. Портпаролот на регионалната полиција, Томас Калмбах, соопшти дека „за среќа“ направата не експлодирала и оти никој не е повреден. Клембах рекол дека непознато лице околу еден часот по полноќ ја фрлило експлозивната направа […]

Во Германија годинава пристигнале повеќе од еден милион азиланти

декември 30, 2015

Германија до крајот на годинава ќе регистрира околу 1,09 милиони азиланти, пренесе денеска весникот „Зексише цајтунг“, повикувајќи се на необјавена владина статистика. Бројот е во согласност со очекувањата на германските претставници. Локалните власти се соочени со проблемот на згрижување на голем број луѓе кои бегаат од судирите на Блискиот Исток и во Африка. Германското МВР […]

Бундестагот го заостри законот за азиланти

октомври 15, 2015

Долниот дом на германскиот парламент, Бундестаг, денеска и покрај бројните критики на здруженијата за заштита на човековите права и на левичарските партии, усвои нов закон за азил со кој драстично се намалуваат правата на барателите на азил. Со законот, освен Србија, БИХ и Македонија, како земји со безбедно потекло се дефинираат Албанија, Црна Гора и […]

Аврамопулос: Азилантите од Балканот што побргу да се вратат дома

септември 9, 2015

Европскиот комесар за миграција и за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, денеска ја поддржа идејата за создавање заедничка европска листа на „безбедни“ земји и се заложи азилантите од оваа група земји што побргу да се вратат дома. – Мислам, пред сè, на азилантите од Западен Балкан и од Турција – рече Аврамопулос на прес-конференцијата во Стразбур, […]

Германија: Полицијата употреби солзавец на демонстрантите

август 22, 2015

Германската полиција испукала солзавец на неколку стотини демонстранти кои фрлале шишиња и камења на автобусти полни со азиланти, кои утринава пристигнаа гратчето Хајденау, на истокот на Германија. Синоќа неколку стотина лица одржаа мирен протетест во градот Хајденаи, во близина на Дрезден, во знак на протест поради очекуваното пристигнување на 250 бегалци кои треба да бидат […]

Европската комисија без пофалби и критики за новиот закон за азиланти

јуни 26, 2015

Европската комисија реагираше на новиот закон со кој им се обезбедува привремена заштита на мигрантите и на бегалците што поминуваат низ Македонија. – Го нотираме новиот закон за азил и привремена заштита за мигранти кој стапи на сила на 20 јуни. Законот ќе им овозможи на мигрантите да побараат од секој полицаец апликација со која се […]

Пред Влада ќе се отвори пункт за донации за азилантите

јуни 11, 2015

Од денеска до недела, во „Кампот на слободата“ ќе има отворен пункт за собирање донации за помош на азилантите што транзитираат низ Македонија. Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада. Секој што сака, може да помогне со донирање пилешки паштети, кроасани, енергетски штангли, урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња и […]

Тачи: Гласините дека Германија дели работни дозволи, причина за бранот азиланти

февруари 19, 2015

Косовскиот министер за надворешни работи, Хашим Тачи, во интервју за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, изјавил дека причина поради која десетина илјади косовски граѓани побарале азил во западните држави била гласината дека Германија на голема врата дели работни дозволи, пренесуваат српските медиуми. – Тоа е апсурд, но доведе до тоа голем број луѓе да патуваат […]

Германија: Запалени згради за азиланти

декември 12, 2014

Засега непознати лица, според германската полиција, подметнаа пожар во три празни згради во Баварија, кои биле наменети за сместување азиланти. Пожарот избувнал доцна синоќа, во место во близина на Нирнберг, а полицијата соопшти дека во еден од објектите нашла исцртани свастики и пароли против странци. За време на пожарот, зградите биле празни. Пожарот бил бргу […]

Радовишанец осомничен за злоупотреба на безвизниот режим

ноември 14, 2014

Валандовската полиција поднела кривична пријава против Ш.С. (44) од Радовиш, кој е осомничен за злоупотреба на безвизниот режим со државите од Европската Унија и Шенгенскиот договор. Како што информираат од полицијата, осомничениот во 2013 година, преку граничниот премин Табановце, транспортирал двајца жители од селото Колково, до градот Ајзенберг, во Германија, чија цел била да се […]

Страна 1 од 1