Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови на земјава. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 12 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со умерен повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.