Обама во Лондон ќе ги убедува Британците да останат во ЕУ

Американскиот претседател Барак Обама пристигна во Лондон за да се обиде да ги увери британските гласачи да се определат за опстанок во ЕУ на претстојниот референдум, за кој Вашингтон стравува дека може го ослаби Западот.

Неговата посета на Лондон оди во прилог на британскиот премиер Дејвид Камерон, кој води кампања за опстанок на Британија во ЕУ во пресрет на референдумот во јуни, на кој Британците ќе гласаат.

Обама веројатно ќе им предложи да се изјаснат за опстанок, за да се сочуваат британското богатство, „посебниот однос“ со САД и единството на Западот.

Американската влада, вклучувајќи ги тамошните банки и компании, стравуваат дека евентуалното излегување на Британија од Унијата ќе предизвика пазарни превривања, ќе го намали британското влијание, но и дека ќе ѝ нанесе штета на ЕУ и ќе ја поткопа сигурноста на Западот.