fbpx

„Меѓаши“: Загадувањето на воздухот е еден од главните фактори за смртност кај децата

-

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска побара итни мерки против загадувањето на воздухот, нагласувајќи дека на децата во Македонија им е загрозено најементарното право – правото на живот (Конвенција за правата на детето, член 6).

„Република Македонија како потписничка на Конвенцијата е должна на децата да им овозможи да живеат и да се развиваат! Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија убива 1.350 луѓе годишно. Децата се најочувствителната група, затоа што имаат организам во развој и побрзо дишење, а со тоа и побрзо ги внесуваат штетните материи во телото“, стои во соопштението.

Од „Меѓаши“ наведуваат дека секое второ болно дете минатата година се лекувало од респираторни болести, кои најчесто се директна последица на загадениот воздух.

– Децата се најпогодени, особено во грејната сезона, кога концентрацијата на цврстите честички е зголемена. Децата се најчувствителната група на сите загадувања од животната средина пред сè затоа што имаат организам во развој и поголема глад за воздух од возрасните и затоа што се немоќни да сменат што било. Значи, ги чекаат нашите акции и политики. Така што, бројни се последиците од аерозагадувањето по разни делови на организмот, а кај децата фокусот е врз белодробниот систем – вели доктор Драган Ѓоргев од Институтот за јавно здравје.

Во реакцијата на „Меѓаши“ се наведува дека децата се почувствителни од возрасните на внатрешно и надворешно загадување на воздухот, бидејќи нивните бели дробови, мозокот и имунолошкиот систем сè уште се развиваат, а нивниот респираторен тракт е попорозен.

„Малите деца дишат побрзо од возрасните и вдишуваат повеќе воздух во однос на телесната тежина. Истражувањето „Прочистете го воздухот заради децата“ на УНИЦЕФ, укажува дека загадувањето на воздухот е важен фактор за смрт на речиси 600.000 деца помлади од пет години секоја година и е закана за животите и за иднината на милиони секој ден. Загадувачите не само што им штетат на детските бели дробови во развој, туку, всушност, ја преминуваат границата меѓу крвта и мозокот и трајно го оштетуваат детскиот мозок во развој, па така, и детската иднина. Ниту едно општество не смее да си дозволи да го игнорира загадувањето на воздухот“, наведуваат од „Меѓаши“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...