Ле Пен повика на укинување на бесплатното образование за децата на странците во Франција

Лидерката на француската крајно десничарска партија Национален фронт, Марин Ле Пен, денеска соопшти дека се залага за укинување на бесплатното образование за децата на странците.

„Сметам дека треба да се изрази националната солидарност кон Французите. Немам ништо против странците. Сепак, им порачувам – ако доаѓате во нашата земја, немојте да очекувате некој да се грижи за вас и вашите деца да добиваат бесплатно образование… Нема повеќе време за играње“, рекла Ле Пен за време на говор во Париз, пренесува „Би-би-си“.

Ле Пен е една од кандидатите за претседателските избори кои треба да се одржат во Франција следната година и се очекува таа да влезе во вториот круг.