fbpx

Ѓоковиќ ја зголеми предноста на АТП-листата

-

Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на најновата АТП-листа во однос на второпласираниот, Рожер Федерер.

Српскиот тенисер неделава има поголема предност во однос на Швајцарецот како резултат на триумфот на мастерс-турнирот во Париз, но, исто така, и раната елиминација на Федерер од овој турнир придонесе да се зголеми бодовната разлика меѓу најдобрите двајца.

Ѓоковиќ со одбраната на трофејот во Париз си ги задржа 1.000 бодови од триумфот во 2013 година и води на АТП-листата со 11.510 поени.

Федерер, од друга страна, беше елиминиран во четвртфиналето во Париз и загуби дел од освоените лански бодови кога играше полуфинале, па од 9.280 падна на 8.700 пени и го зголеми заостанувањето зад лидерот на 1.310 поени.

На претстојниот завршен турнир во Лондон, Новак ќе ги брани максималните 1.500 поени, а Федерер само 400.

Меѓу најдобрите пет покрај овие двајца тенисери се наоѓаат и Рафаел Надал со 6.835 поени, Стан Вавринка со 4.895 и Кеи Нишикори со 4.625 поени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Горан Стефановски фото: Општина центар

УКИМ ќе основа Фондација „Горан Стефановски“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ) соопшти дека денеска донел одлука за основање на Фондација „Горан Стефановски“. Одлуката ја донел Сенатот на УКИМ, во очи роденденот на...