Двајца полицајци се убиени во напад на полициски пункт во Каиро

Во напад на контролен полициски пункт во Каиро, убиени се двајца полицајци соопштуваат египетските медиуми. Според пишувањата, во овој напад тројца полицајци и двајца цивили се ранети.

Ниту една милитантна група се уште не ја презела одговорноста за овој напад, а египетската влада наведува дека истрагата е во тек, пренесуваат медиумите.

Безбедносните сили на Египет се цел на напад откако војската го симна од власт претседателот Мухамед Мурсиј во 2013 година.