Доставени 422 амандмани за предлог-буџетот за 2017 година, расправата продолжува

Вкупно 422 амандмани се доставени за предлог-буџетот за 2017 година, од кои 250 се поднесени од ДПА, а 172 се од СДСМ.

Во Собранието денеска продолжува петтата амандманската расправа во Комисијата за финансирање и буџет.

Предлог-буџетот за 2017 година на расправа во матичната собраниска комисија влезе на 28 септември и треба да се разгледува максимум десет дена.

Со овој предлог-буџет, вкупните приходи се планирани на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година. Вкупните расходи се на ниво од 206,22 милијарди денари или за 4,5 проценти повеќе во однос на годинава. Буџетскиот дефицит е предвиден да изнесува 3 проценти од домашниот бруто-производ, односно 18,6 милијарди денари.