Времето сончево со облачност, попладне можен пороен дожд и грмежи

Времето во земјава денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните делови.

Дневните температури ќе се движат од 22 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево, со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе достигне до 31 Целзиусов степен.

Утре ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд. Од петок времето ќе биде стабилно и суво, со умерен до засилен ветер од северен правец.