Времето денеска потопло и посончево

Сончево и потопло ќе биде денеска во земјава, а во источните делови со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер, вели прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УВ-индексот ќе биде 9.

Максималната температура ќе се движи од 22 Целзиусови степени на крајниот запад на земјата, еден степен повисоко во Малешевијата и во Пијанец, 25 степени во Крива Паланка, 26 степени во Охридско-струшкиот регион и 27 степени во Пелагонија.

Температурниот максимум во Скопје ќе биде 29 Целзиусови степени, со умерен ветер од северен правец. 

Највисока температура ќе биде измерена во Гевгелиско-Дојранско, до 31 степен.

Според УХМР, утре ќе имаме слично време, со благ пораст на температурата.