Вработени од РЕК, преку монтажен мост, пеш заминаа на работа

Невообичано беше патувањето денеска на вработените од првата смена во РЕК Битола откако е пресечан патот кој од градот води до комбинатот.

Едни автобуси на РЕК Битола ги однесоа работниците до монтажниот мост, а други, пак, ги пречкаа од другата страна за да ги транспортираат до работните места. Под вода е целото поле околу комбинатот, манастирот „Пресвета Богородица“ и првите куќи од селото Новаци.

– Монтажниот мост на пресечениот пат, сепак, е добро решение за нас, работниците на РЕК Битола, да не мора да патуваме по 80 километри преку Тополчани и селата во општина Могила за да стигнеме на работа. Вака, одиме пеш само стотина метри, што не ни претставува проблем со оглед на состојбата во која се наоѓа Пелагонија по поплавите – вели еден од вработените во комбинатот.

А.Б.