Фото: Ковид-19 пациент на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Има вкупно 610 суспектни и позитивни пациенти кои се лекуваат од ковид-19 во сите инфективни одделенија во земјава, од кои 280 се на инфективните оддели во Скопје, а 330 се низ ковид центрите во другите градови. Истовремено, има околу 603 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според извештаите добиени во последните 24 часа.

Дневните извештаи во Министерството, кои се менуваат постојано, зависно од приеми и исписи на болни, покажале дека во болницата во Битола се хоспитализирани 31 пациент, во Штип 26, на инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 23 болни, а во Куманово 47. Во ковид центарот во Охрид има 35 болни, во Прилеп 34, во Гостивар 18, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 23 пациенти, во Кочани 2, во Кичево 16, Кавадарци 21, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во Скопје во последното деноноќие се се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми. Додека во ГОБ „8 Септември“ имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 4 во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени лица.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ 17 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти, а на Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 заболени.
„Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места“, информираат од Министерството за здравство.