Извор на фотографија: Министерство за здравство

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава од ковид-19 се лекуваат вкупно 917 пациенти и има околу 290 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 567 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Во Битола се хоспитализирани 41 пациент, во Штип 46, на инфективното одделение во Тетово има 23, во Велес се лекуваат 38 болни, а во Куманово 88 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 лица, во Прилеп 84, во Гостивар 19, а во Струга 17 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 34, во Кочани 9, во Кичево 11, во Кавадарци 69, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти, а вкупно 350 лица се лекуваат на инфективните оддели. На интерните клиники имало 8 приеми, во ГОБ „8 Септември“ 13 приеми, 19 на Инфективната клиника, а во детската клиника Козле биле примени 5 лица.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника се лекуваат 29, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ 54 пациенти со симптоми. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 77 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 122 пациенти, во Институтот за белодробни заболувања кај деца- Козле има 25 пациенти, а на ГАК леќат 6 ковид позитивни пациентки.