Фото: Министерство за здравство

Во ковид центрите во Скопје се примени 3 нови пациенти во последното деноноќие, а вкупно 48 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, соопшти Министерството за здравство.

Во Институтот за ТБЦ немало приеми, два пациента се примени во ГОБ „8 Септември“, а еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ моментално се лекуваат 5 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ 15, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 28 заболени.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 121 пациент, позитивни и суспектни на корона вирусот и има околу 500 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците од последните 24 часа и додава дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите за ковид пациенти.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 73 пациенти. Во Битола се хоспитализирани 7, во Штип 5, на инфективното одделение во Тетово има 2 пациента, во Велес се лекуваат 11 болни, а во Куманово 15. Во ковид центарот во Охрид лежат 7 лица, во Прилеп 3, во Гостивар 8, а во Струга 4 болни. Во болницата во Струмица има 9 пациенти, во Кичево 2, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирани.