Во бродолом кај Египет, се удавија 115 мигранти

Египетските власти денеска од море извлекоа 115 тела, три дена откако се преврте брод со мигранти кај средоземниот брег на Египет.

Гувернерот на провинцијата Бехеира, Мохамед Султан, рече дека стравува оти во бродоломот настрадале уште неколку десетици бегалци и мигранти.

Бродот се превртел на 12 километри од градот Розета, на северот на Египет.

Египетската новинска агенција МЕНА јави дека бродот превезувал околу 600 лица и оти од нив, 150, повеќето Египќани, ја преживеале несреќата.