Вчерашните препораки на Комисијата за заразни болести добија зелено светло од владините министри. На денешната седница Владата ги прифати препорките на Комисијата за:

Ограничување на работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен за оние што вршат испорака, ограничување на капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50 отсто од вкупниот број предвидени патници во едно возило, а вработените во целата државна и јавна администрација, општините и судовите, според принципот на работа, да можат да го организираат работењето во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации.

Владата го утврди и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење со кој се предвидува изградба на посебен вид на градби односно модуларни градби за здравствена дејност, чија изградба е финансирана со средства од Буџетот на државата или со средства од ЕУ, односно друга меѓународна организација, а заради зголемување на ефикасноста на здравствениот систем при справувањето со коронавирусот.