Викендов спасени околу 2.500 мигранти во Егејско Море

Грчката крајбрежна стража денеска соопшти дека викендов, во неколку десетини операции во Егејско Море, спасила речиси 2.500 бегалци од Африка и од Азија кои се обиделе да дојдат до Европа.

Крајбрежната стража, од петокот до денеска, спасила 2.492 лица во 70 операции кај источните грчки острови Лезбос, Хиос, Самос, Агатонизи, Фрамаконизи, Кос и Сими.

Во посебна спасувачка акција, стражата спасила уште 13 лица кои локалното население ги забележало во близина на пристаништето кај островот Хиос.