Уште една сообраќајка во Македонија, загинало лице

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“

-

Утринава на патот Струмица-Валандово се случило сообраќајна несреќа, поради што и патниот правец беше затворен. Едно лице загинало.

„На излез од село Костурино, струмичко се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и трактор, во која животот го загубило едно лице“, велат од МВР за „Скопје1“.

Увид на местото врши јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.

Оваа несреќа доаѓа само неколку дена откако во сообраќјна незгода на патот Прилеп-Битола загинаа прим. д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска од приватната болница „Плодност“.

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог од болницата „Плодност“ се жртвите во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Запленети 51 килограм марихуана во Демир Хисар, покрената истрага

Вчера во близина на с. Слаудево, демирхисарско, беше лишен од слобода лицето Е.Е.(53) од с. Калишта, струшко, откако биле пронајдени 51 килограм марихуана во неговото возило. „Осомничениот, на 4 октомври,...