Патничко возило „голф“ со светиниколски регистарски таблици вчеравечер околу 20:30 часот излетало од коловозот на автопатот Тетово-Скопје.

Во несреќата на местото на настанот починал возачот В.З. (24) од Свети Николе, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Лекар од Итната медицинска помош од Тетово констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител при тетовското јавно обвинителство, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид бил извршен од страна на увидна екипа од СВР Тетово.