УНХЦР: Опаѓа бројот на бегалците кои доаѓаат преку Средоземно Море

Бројот на бегалците кои доаѓаат во Европа преку Средоземно Море опаднал за една третина во ноември поради временските услови и борбата против шверцерите во Турција, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).

Околу 140.000 бегалци го минале Средоземно Море во ноември, што е за 36,5 отсто помалку во споредба со октомври, кога биле регистрирани повеќе од 220.000 лица.

Од почетокот на годинава во Европа преку Средоземно Море пристигнале повеќе од 886.000 бегалци.