Уапсени 11 терористи во Истанбул

Турската полиција извела неколку рации во Истанбул и привела 11 лица кои се поврзуваат со милитантите на Исламската држава, јавуваат турските медиуми, додавајќи дека седум од уапсените се странци.

Полицијата минатата недела привела 20 осомничени за поврзаност со Исламската држава во летувалиштето Анталија, каде од 15 до 16 ноември се одржува самитот Г20.

Радикалните милитанти што ја контролираат сириската територија долж турската граница се поврзуваат со минатомесечните самоубиствени бомбашки напади во Анкара, во кои загинаа повеќе од 100 лица.