Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто така на истокот на земјата.

Како што се наведува во полициските извештаи, во џамијата имало 150 лица. На социјалните мрежи е објавена и фотографија од телото на момче за кое се верува дека го извело самоубиствениот напад.