Претседателот на САД, Доналд Трамп наведе дека НАТО ќе биде посилна затоа што земјите членки „значително“ ги зголемиле сумите за финансирање на потребата на Алијансата.
„Многу земји се согласија значително да ги зголемат сумите, како што и треба. Парите започнаа да пристигнуваат – НАТО ќе биде многу посилна“, напиша Трамп на „Твитер“.
Many NATO countries have agreed to step up payments considerably, as they should. Money is beginning to pour in- NATO will be much stronger.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) May 27, 2017
Земјите членки на НАТО не и плаќаат директно на Алијансата туку трошат во рамките на своите буџети за вооружување и другите потреби поврзани со одбраната.
Трамп поддржува државите членки на НАТО да даваат барем по два отсто од бруто домашниот производ на одбрана, но моментално само две земји го исполнуваат условот, додека останатите се обврзани таа цел да ја остварат во 2024 година.
„Г-7 се состанува денеска. Се разговара за големиот број на многу важни прашања. Прво на листа е се разбира, тероризмот“, наведе шефот на Белата куќа на „Твитер“.