Тетовец со нож нападнал такси-возач

Четириесет и шестгодишен тетовец под дејство на алкохол вчеравечер со нож му нанел повреди на такси-возач, информираат од полицијата.

Инцидентот се случил околу 20.45 часот, пред клиничката болница во Тетово, кога тетовецот, кој бил во алкохолизирана состојба, влегол во такси-возилото, што го управувал С.Н., и го нападнал со нож поради нерасчистени долгови.

На такси-возачот му била укажана лекарска помош во клиничката болница, додека напаѓачот самиот се пријавил во тетовската полиција, која работи на целосно расчистување на случајот.