Тенденциозна конструкција за преговорите на Украина и Молдавија со ЕУ

Во објава на Фејсбук, која негативно реагира на тоа што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција, се измешани: лично мислење, кое авторот има полно право да го изрази; некои непобитни факти, што, се подразбира, е исто така легитимно; но и тенденциозни премолчувања

Фото: Колаж Canva jorono auf Pixabay Michael Frings auf Pixabay Martin Mende auf Pixabay

Во објава на Фејсбук, која негативно реагира на тоа што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција, се измешани: лично мислење, кое авторот има полно право да го изрази; некои непобитни факти, што, се подразбира, е исто така легитимно; но и тенденциозни премолчувања, заради кои јавноста не ја добива целосната слика за настанот; па дури и дрски лаги, кои авторот се обидува да ги протне заедно со легитимните содржини, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме интегрално:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук вели:

Oва е показател дека не постојат НИКАКВИ критериуми за влез во овие сатански организации (нато и еу)

На што подоцна додава:

А нас уште од мајка што не ни побараа да се одречеме за тие проклети преговори, државниот правен поредок ни го распарчија со тие наводни реформи и услови.

Објавата изразува револт што Украина и Молдавија добиле препорака за почеток на преговорите за нивната евроинтеграција „преку ред“, без најпрвин да ги решат своите проблеми, додека С. Македонија чека на тоа со години, при што ѝ наметнуваат нови и нови жестоки барања. Ваквото изразување на мислење е легитимно, но во објавата има и тенденциозни премолчувања, дури и лаги, а и некои доста апсурдни тврдења, па да ја расклопиме на нејзините составни делови и да ги разгледаме, почнувајќи од следново:

Ова е показател и индикатор дека не ја сакаат Македонија како членка туку само сакаат да ја обезличат и разградат!

Блокадата на С. Македонија не е уникатен случај. Франција ја блокирала евроинтеграцијата на Британија во 1963 и 1967 г., а Ирска и Данскa тогаш ја одложиле онаа својата, заради нивните економски врски со Британија. Данското отфрлање на договорот од Мастрихт во 1992 г. ја одложило интеграцијата на Австрија, Финска и Шведска, а Италија потоа ја блокирала Словенија. Таа, пак, ја блокирала Хрватска, а Грција се мисли да ја блокира Албанија. Хрватскиот претседател сакаше да го блокира влезот во НАТО на Финска и Шведска, но не успеа во тоа, а тоа го стори Турција.

Спорови имало и ќе има, а авторот на објавата што ја рецензираме може да замери само за тоа што С. Македонија добива барања какви што други досега не добиле. Но С. Македонија нема проблем со ЕУ и НАТО во целина, туку конкретно има(ше) со Грција и Бугарија. Одлучувањето во ЕУ и НАТО бара консензус, што се решава со компромис меѓу засегнатите страни, а тоа не е измислено заради некакво уништување на С. Македонија.

Таа би била уништена токму без финансиската помош од нашиот најголем економски партнер, ЕУ, за нашиот транспортагрономијатаобразованиетоздравствотоитните службицаринататуризмотекологијатаопштинитесправувањето со кризите итн.

Сепак, објавата што ја рецензираме ја смета ЕУ, а и НАТО, за „сатанска организација“. Но во основачките акти на ЕУ и НАТО нема никаков сатанизам, а преамбулата на Договорот за ЕУ споменува црпење инспирација од религиозното наследство на Европа. Доминантна религија во неа со векови е христијанството, па некои членки на ЕУ дури барале тоа да се спомене во идниот устав на ЕУ, но за други тоа било премногу, па ЕУ не фаворизира ни една религија, а камоли сатанистичка. Но уставите на некои членки на ЕУ и/или НАТО го споменуваат Бог (ГерманијаПолскаНорвешкаШведска и Данска) или Св. Троица (Ирска и Грција), а кралот на Британија е поглавар на англиканската црква и носи титула Бранител на верата. Кај Грција, Кипар и Бугарија се споменува православието, кај Италија и Полска – католицизмот, а кај скандинавските земји – лутеранизмот. Бог го има и во уставите на доста американски сојузни држави, во дел од кои се останати застарени забрани за атеисти да вршат јавна функција и да сведочат на суд. Сешто најдовме, но сатанизам никаде.

Авторот на објавата што ја рецензираме понатаму вели:

ЕК дала препорака за преговори со Украина и Молдавија.

Да Украина, земјата во која има активна војна

А на тоа подоцна додава:

Копенхагеншките пристапни правила се само лист хартија за бришење г*

Тие правила не велат дека држава која води војна не смее да ѝ се приклучи на ЕУ и таква држава може да преговара за тоа. Сепак, за екс-шефот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и францускиот претседател Емануел Макрон таквата евроинтеграција е неизводлива, а австрискиот европратеник Харалд Вилимски ја смета за лудост. На консултативниот референдум за тоа дали ЕУ да потпише асоцијација со Украина, одржан во Холандија во 2016 г., мнозинството гласаше против, а еден од факторите за тоа беше војната во Донбас.

Значи, не е дека сите во ЕУ ѝ попуштаат на Украина, но многумина се, сепак, за тоа таа да добие привилегиран третман, затоа што таа буквално се бори за европските вредности.

Понатаму, објавата што ја рецензираме вели дека Украина:

нема контрола врз +30% од територијата

Тоа не е точно. Годинава, Украина најпрвин немаше контрола врз 17,5%, а потоа загуби некои гратчиња и села, па сега се споменуваат 18%. Тука има мало разногласие, а и ситуацијата на фронтот е променлива, но никој не навел 30%.

Воедно, објавата премолчува дека во ЕУ има преседани за држави кои немаат контрола над одреден процент од својата територија. Република Кипар влезе во ЕУ, иако има проблем со Северен Кипар (36 отсто); Молдавија доби препорака, иако има проблем со Приднестровје (12 отсто); а Србија стана кандидат за ЕУ, иако има проблем за Косово, кое го смета за свое (15 отсто). Но објавата селективно се жали само за Украина и тврди дека таа:

….забрани руски јазик за малцинствата…

Слободната употреба на рускиот јазик е гарантирана со чл. 10 од уставот на Украина. Половина Киев и цел Харков и Одеса општат само на руски, дури и етничките Украинци, што е последица од асимилацијата под Руската империја и СССР. Силното присуство на рускиот јазик продолжи и во самостојна Украина, преку рускојазичните школи и медиуми, како и проруските политичари како Виктор Јанукович, што огорчуваше многу Украинци. Затоа, тие воведоа одредени ограничувања за рускиот јазик, но не го забранија.

Така, по разрешувањето на Јанукович, на 23.2.2014 г. собранието изгласа укинување на еден закон од негово време, со кој рускиот јазик стана официјален во регионите со мин.10 отсто говорители, но укинувањето не беше потпишано од в.д. претседателот Турчинов, кој сметаше дека тоа би било дискриминаторски и дека прво треба да се осмисли подобар закон. Законот не беше укинат, но настаните на Крим и Донбас сеедно се случија. Тој беше укинат дури во 2018 г. со одлука на Уставниот суд, на што сигурно влијаеше агресивното однесување на Русија и проруските сепаратисти во Крим и Донбас.

Потоа беше донесен закон, кој обезбедува доминација на украинскиот јазик, во смисла на тоа дека на странка на шалтер мора да ѝ се обратат на украински, па ако таа не разбира, тогаш може на руски; дека повеќето песни на радио мора да бидат на украински; дека и наставата мора да е на украински, а малцинствата можат да учат и на својот јазик во посебни паралелки; или сл. Тоа не е забрана на рускиот јазик.

Понатаму, објавата тврди дека Украина ги убивала малцинствата:

…ги убиваше истите од 2014та,…

Геноцид врз малцинствата немаше, но во февруари-март 2014 г. Русија изврши инвазија врз Крим и поттикна бунт низ остатокот од Украина, испраќајќи таму агенти како Игор Гиркин-Стрелков, па на 7.4.2014 г. беше создадена т.н. ДНР. На тоа Украинците не пружаа отпор, а камоли да вршеле геноцид. Со борба тие започнаа дури на 14.4.2014 г.

Следеше војната во Донбас, во која имаше и цивилни жртви и поединечни ексцеси, но не и геноцид. Доста етнички Руси има и во Харковската, Одеската и Запорошката област на Украина, но ни врз нив немаше никаков геноцид, туку имаше инциденти испровоцирани од проруските сепаратисти, како палежот во Одеса на 2.5.2014 г.

Објавата понатаму ги обвинува Украинците дека:

…забранија опозиција и одложени се претседателските избори до недоглед…

И ова е дезинформација. Мандатот на претседателот на Украина во воена состојба се продолжува сè додека на негово место не стапи нов, кој ќе биде избран по нејзиниот завршеток, а дотогаш избори не се одржуваат. И нормално е во таква состојба да бидат забранети одредени партии, кои играат улога на „петта колона“. Легална опозиција во Украина има, а тоа се партии како Европска солидарностБаткившчинаГолос и др.

Земајќи го предвид сето наведено, објавата ја оценуваме како невистинита.

hubmk