fbpx
Таг: возило

таг: возило

Штипјанец загина во сообраќајка

На враќање од закројување на лозјата, вчера, на излез од селото Долани кај Штип, се превртело возило во кое се возеле тројца штипјани, при што на местото на несреќата починал 50-годишен штипјанец, кој го управувал возилото. Двајцата негови сопатници завршиле со тешки телесни повреди. Едниот има повреда на ’рбетот, а другиот завршил со скршеници на двете нозе. - Во непосредна...

Кај Демир Капија, во возило откриени 16 илегални мигранти

Полициски службеници, синоќа околу 1.35 часот, во возило кое се движело на автопатот Удово - Неготино, откриле 16 илегални мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, полицајците, откако не успеале да го запрат возилото, марка „рено сценик“, кое не застанало на нивиот знак и продолжило да се движи со зголемена брзина, тргнале по него. Кај клучката Демир Капија,...

МВР и царината заплениле 30 килограми марихуана на граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи (МВР) и Царинската управа во саботата минатата недела, при контрола на автомобил на граничниот премин Богородица, откриле и заплениле околу 30 килограми марихуана. Како што информираат од МВР, во саботата, околу 19 часот, на граничниот премин Богородица на излез од земјава бил запрен автомобил марка „рено меган сценик“ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал Р.Н....

Двајца мигранти откриени во возило на патот Куманово – Крива Паланка

На магистралниот пат Куманово - Крива Паланка, кај местото Нато-клучка, од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „бе-ем-ве“, сопственост на Ф.И. од Скопје, а управувано од Г.С. (44) од Велес. При прегледот на возилото, пронајдени се двајца мигранти од Авганистан и од Ирак. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.  

Стружанец се удави пагајќи со своето возило во реката Црн Дрим

Невзат М. (48) од Струга го загуби животот во сообраќајната незгода што вчера во 17.10 часот се случи на Кеј 8 Ноември во Струга, во близина на реката Црн Дрим. Незгодата се случила во момент кога, сега починатиот, управувајќи со моторно возило марка „даеву нексија“ со струшки регистарски таблички, на кејот почнал да го придвижува возилото наназад. Притоа, се приближил...

Во сообраќајна несреќа загина 24-годишен прилепчанец

Дваесет и четири годишниот Николче М. oд Прилеп утринава, околу 6 часот, загина во сообраќајна несреќа која се случила на патот Прилеп - Кривогаштани, кај селото Славеј. Oд засега непознати причини, возилото со кое управувал, „рено меган“ со прилепски регистарски таблички, излетало од патот и паднало во поплавените ниви. Не се знае дали Николче М. починал од ударот или, пак,...

Подметната запалена гума под возило на битолчанец

Утрово, околу 2.10 часот, непознат сторител се обидел да го запали возилото на 56-годишниот битолчанец М.Ј., паркирано пред неговата куќа на улицата Димитар Хаџи-Попов во градот. Според полициските информации, сторителот подметнал автомобилска гума под возилото, марка „џип“, и ја запалил. Во случајот нема повредени, а пожарот го локализирал сопственикот на возилото. Полициски екипи извршиле увид на местото и во тек е...

Гостиварецот кој се бараше со потерница, пронајден и сместен во затворот во Охрид

Гостиварецот Џ.И., кој се бараше со потерница за издржување затворска казна, е пронајден од полицијата и е сместен во затворот во Охрид. Поради постоење основи на сомневање дека сторил шест тешки кражби и дека одзел моторно возило, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на август и на септември оваа година во Струга. Тој, со...

Струмичанец нелегално превезувал мигранти

Триесети и двегодишен струмичанец вчера бил приведен во Гевгелија откако бил затекнат од полицијата како со возило нелегално превезува мигранти, соопшти полицијата. Како што информираат од полицијата, нивна екипа околу 14 часот извршила контрола на возило, марка „пежо“, кое било паркирано на улицата Борис Кидриќ, пред полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица. Возачот С.Д.М. (32) од Струмица, како...

Ноќеска под Пелистер огнот проголта 10 хектари нискостеблеста шума и автомобил

Два пожари синоќа беснеја под Пелистер. Во едниот изгоре околу 10 хектари нискостеблеста шума, а во другиот се запалило вoзило „мерцедес 220“. Од противпожарната единица во Битола велат дека пожарот кај селата Цапари и Ротино е локализиран доцна во ноќта, околу 2 часот , а во другиот одделен пожар кај Кажани изорело возило. - Ситуацијата кај Цапари и Ротино беше сериозна,...

Одбил да застане и удрил полицаец на раскрсница

Полициски службеник вчера, околу пладне, бил удрен од автомобил додека го регулирал сообраќајот на раскрсницата од улиците Маршал Тито и Видое Смилевски-Бато, во Тетово. Според полицијата, сообраќајниот полицаец бил удрен од автомобил, што го управувал А.Б. (31) од селото Нераште, кој одбил да застане на неговата наредба. Полицаецот веднаш бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, за укажување лекарска помош, а...

Прегазен 74-годишен пешак во Крива Паланка

Седумдесет и четиригодишен жител на Крива Паланка го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила кај местото Лијаков мост. Според полицијата, сообраќајката се случила околу 14 часот, кога возило, марка „даеву“, кое го управувал Н.Д. (20), удрил во Мијалко С. (74), кој пеш се движел по коловозот. Поради тешките повреди, Мијалко С. починал на пат кон Ургетниот центар...

Нападнат полицаец додека се обидувал да уапси побегнат затвореник

Припадник на штипската сообраќајна полиција бил физички нападнат додека со колеги се обидувал да уапси 23-годишно момче од градот, кое се барало поради бегство од затвор, информираат од полцијата. Според информациите, екипа на штипската сообраќајна полиција вчера, околу 13.30 часот, при контрола на возило, марка „лада“, со охридски регистарски таблички, констатирале дека возачот С.Д. (23) се бара поради бегство од...

Тешка сообраќајка кај Бучим

Едно и полгодишно дете со изгореници и неговите родители од Радовиш, кои требало да бидат транспортирани во штипската болница, се повредени синоќа, кога на амбулантното возило налетал камион. Тешко повреден е и возачот на амбулантно возило. Сообраќајката се случила на патниот правец Штип – Радовиш, во близина на рудникот Бучим. Со амбулантното возило од Радовиш се вршел транспорт на детето, кое...

Кирацовски: Чесните вработени во МВР да го расветлат случајот со опожареното возило

Потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска, на прес-конференција во Битола, побара од, како што рече, чесните вработени во МВР да го расветлат вчерашниот инцидент кога беше опожарено возилото на битолчанецот Марјан Јовановски, активист на СДСМ во Битола. Кирацовски вели дека јавноста во Битола со право регира ако се земе предвид дека инцидентот следува само неколку дена по масовниот митинг на...

Македонско возило оштетено во Грција

Во Солун завчера било оштетено возило со македонски регистерски таблички. Прилепчанецот М.Б. пријавил дека на аеродромот во Солун му било извршено оштетување на левата врата на неговото возило „форд мондео“ со скопски таблички. Настанот бил пријавен во грчката полиција, но оттаму не бил добиен записник.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...