fbpx

Кај Демир Капија, во возило откриени 16 илегални мигранти

-

Полициски службеници, синоќа околу 1.35 часот, во возило кое се движело на автопатот Удово – Неготино, откриле 16 илегални мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, полицајците, откако не успеале да го запрат возилото, марка „рено сценик“, кое не застанало на нивиот знак и продолжило да се движи со зголемена брзина, тргнале по него. Кај клучката Демир Капија, возачот во еден момент застанал и избегал од возилото.

„При преглед на возилото, откриени се 16 илегални мигранти, од кои шест од Палестина, девет од Пакистан и еден од Либан. Лицата се сместени во Прифатниот центар за странци, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.

На 19 ноември, Македонија, како и дел од земјите од т.н. западно-балканска рута, го затвори протекот на економски мигранти и дозволува влез и транзит само за бегалци од воените жаришта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од Макрон е креирана со вештачка интелигенција

Ако внимателно ја набљудувате фотографијата на Емануел Макрон, забележливо е дека е создадена од вештачка интелигенција. На пример, претседателот на Франција има неприродно долги прсти на десната рака, а...