fbpx
Таг: тужба

таг: тужба

Бугарскиот историчар Димитров ќе го тужи Неделковски за кршење на споменикот

Бугарскиот историчар и директор на Националниот историски музеј, Божидар Димитров, се закани дека ќе го даде на суд македонскиот новинар Миленко Неделковски поради кршење на бугарската спомен-плоча што бугарска делегација без дозвола ја постави на македонскиот врв Кајмакчалан. - Ова е уште еден чин на вандализам. Ќе го дадам на суд овој македонски новинар. Морам да го направи тоа. Инаку ќе...

Бегалци ја тужат Македонија за прекршување на човекови права

Осуммина бегалци од Сирија, Ирак и од Авганистан поднесоа тужба против Македонија во Европскиот суд за човекови права. Поддржани од две германски невладини организации, Европски центар за уставни и човекови права (ECCHR) и адвокатската организација „Про асил“ (Pro Asyl), бегалците ја тужат Македонија за прекршување на човековите права и за насилно однесување кон нив, по случајот кога околу 1.500...

Украина подготвува тужба против Русија пред судот во Хаг

Министерот за правда на Украина, Павел Петренко, во изјава за телевизијата „112“ соопшти дека неговата земја подготвува тужба против Русија пред Меѓународниот суд за правда во Хаг. Претходно Киев поведе четири парници пред Европскиот суд за човекови права против Русија, во кои се бара надомест од руската страна за случувањата на Крим и во Донбас. - Постои уште еден одвоен случај...

Управниот суд ја поништи лустрацијата на уредничката на „Фокус“, Јадранка Костова

Управниот суд го поништи решението на Комисијата за верификација на фактите за лустрација на новинарката Јадранка Костова, главен уредник на неделникот „Фокус“. Решението за лустрација на Костова беше донесено на 26 март 2015 година. Неколку месеци подоцна, парламентарното мнозинство изгласа прекинување на процесот на лустрација. Конкретно, од 1 септември 2015 година, Комисијата нема мандат да поведува нови постапки. Пресудата со која Управниот...

Талевска го загуби спорот за клевета против Шилегов

Ивона Талевска, главната уредничка на дневниот весник „Вечер“, го загуби судскиот спор по тужбата за клевета и за навреда што ја поднесе против Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ. Од уредничката на „Вечер“ побаравме реакција за пресудата, но не добивме, а Шилегов на својот „Фејсбук“ напиша: „Да не бидам погрешно и лошо разбран: Првостепената пресуда со ’мечката од пештера’, не ми значи ништо. Повеќе би...

Управниот суд го поништи решението на ДЗЛП за е-пристапот до избирачкиот список

Управниот суд на 5 мај донел одлука со која ја уважил тужбата на Државната изборна комисија (ДИК) против привременото решение на Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП), со која ѝ се забранува на ДИК да обезбедува електронски пристап до избирачкиот список на интернет-страницата izbirackispisok.gov.mk. Истовремено, со уважувањето на тужбата на ДИК, Управниот суд го поништил привременото решение на...

Чешка е подготвена да ја тужи ЕУ поради механизмот за прераспределба на бегалците

Чешкиот премиер, Бохуслав Соботка, денеска изјави дека Чешка може да ја тужи Европската Унија, како што тоа во декември го направи Словачка, доколку ЕУ се обиде да воведе траен механизам за прераспределба на бегалците по национална квота. Тој потоа изразил надеж дека поднесувањето тужба, нема да биде потребно, бидејќи во новите измени на политиките за азил кои ги предложува Европската...

Ременски: Управниот суд со решение ја укина тужбата од Диме Спасов

Управниот суд донел решение со кое тужбата и предлогот за привремена мерка на дополнителниот заменик-министер Диме Спасов против министерката за труд и социјална политика се отфрла како беспредметна во случајот со разрешувањето директор и со именувањето в.д. директор за ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски. Ременски појасни дека...

Наумов: Ставрески повторно се задолжува иако одлуката на ДИК е оспорена

„Претходниот состав на Државната изборна комисија донесе политички диригирана одлука. ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, свесно, надвор од сите законски надлежности, донесоа одлука со која овозможија неконтролирано задолжување во пресрет на претстојните парламентарни избори“, се вели во соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. Тој потсетува дека на 22 декември 2015 година поднел тужба до Управниот суд на РМ против одлуката на Државната...

„Република“: Шилегов изнесе груби лаги и невистини

Неделникот „Република“ ги демантираше информациите што денеска беа изнесени од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Во врска со обвинувањата од портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изнесени во изјава за медиуми, а во врска со, наводно, приходи од Владата на Македонија, „Прва Република“ д.о.о.е.л. Скопје најостро реагира и ги демантира ваквите тврдења. Шилегов изнесе груби лаги и невистини за непостојни приходи,...

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите. Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...

Чавков: Спасовски незаконски ги смени петте началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поднел тужба до Управниот суд поради одлуката на министерот Оливер Спасовски за смена на началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Битола, Охрид и во Куманово. Ова, како што пренесува порталот „Курир“, денеска во изјава за медиумите го соопштил заменик-министерот Чавков. Изјавата на Чавков претходно не беше официјално најавена, ниту, пак, имаше...

СДСМ со тужба до Управен суд за одлуката на стариот состав на ДИК

СДСМ, преку дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, ќе поднесе тужба до Управниот суд на РМ. Со тужбата, како што стои во соопштението од партијата, се бара поништување на одлуката на Државната изборна комисија со која е одлучено дека „емисијата на државни хартии од вредност и државни записи од Министерството за финансии на домашен пазар не претставува акт или документ...

Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите

Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека Словачка до 18 декември пред Европскиот суд на правдата ќе поднесе тужба против Европската унија затоа што е надгласана и наредено ѝ е да прими 802 бегалци во рамки на еднократните квоти за прераспределба. - Немаме никаква причина да го промениме мислењето за тој наш став – рече Фицо и додаде дека своите материјали...

Баварија се заканува со тужба против владата во Берлин

Германската покраина Баварија се закани со поднесување тужба против федералната влада доколку Берлин веднаш не преземе чекори за ограничување на приливот на бегалци во Германија. - Се согласивме дека Баварија го задржува правото да се обрати до Уставниот суд доколку федералната влада набргу не преземе ефикасни чекори за ограничување на постојаниот прилив на азиланти – рече баварскиот министер за внатрешни...

Новинарката Анета Блажевска го доби спорот со битолскиот градоначалник

Тужбата на битолскиот градоначалник Владимир Талески, против бившата новинарка на „Утрински весник“ од Битола, Анета Блажевска, за текстот „Колку е богат Владимир Талески“, падна на суд. Основниот суд Скопје 2 ја отфрли тужбата на градоначалникот како неоснована. Талески бараше одговорност и надоместување на штета, за авторскиот текст објавен во ноември 2013 година. Со дописничката Блажевска во истата тужба беа тужени и главниот...

Малцинските акционери на „Макпетрол“ се приклучија на тужбата против директорот

Петнаесет малцински акционери на „Макпетрол“ се приклучија на кривичната пријава на МВР, поднесена против 21 лице од управниот и од надзорниот одбор на компанијата. Целта, како што велат, е да си ги остварат правата како акционери и да си го задржат имотот. Тие и досега поднеле кривични пријави до одредени лица во компанијата, но судска разврска немало и прашуваат зошто се...

Од почетокот на годинава, 17 нови тужби против новинари

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентар и ЦРМ ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4 проценти се...

Општина Гостивар најави тужба за НДП

Политичките превирања меѓу опозициската НДП и локална власт во Гостивар предводена од ДУИ, по сè изгледа, ќе имаат судска завршница. По обвинувањата на советниците од Националната демократска преродба дека зонското паркирање во Гостивар е незаконско, Општината најави дека ќе покрене тужба за клевета. Расправата околу организирањето на зонското паркирање, која почна на вчерашната на седница на Советот, продолжи преку соопштенија...

Австрија поднесе тужба против изградба на нуклеарна електрана

Австрија денеска до Европскиот суд поднесе тужба против Европската комисја за одобрување државна помош за изградбата на британската нуклеарна електрана „Хинклеј поинт Ц“. „Со субвенции треба да се поддржи модерна технологија, која ќе биде во општ интерес на сите држави на ЕУ“, е образложението на австрискиот канцелар Вернер Фајман, кој додаде дека тоа не е случај со нуклеарните електрани. Австрија во...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...