fbpx
Таг: Совет на општина

таг: Совет на општина

СДСМ доминира и според бројот на освоени мандати во советите на општините

Државната изборна комисија (ДИК) вчера, пред полноќ, ги објави мандатите, односно освоените места во советите на општините на локалните избори што се одржа во неделата. Во Битола, идниот Совет на Општината ќе има 17 советници од коалицијата на СДСМ, 11 од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и двајца независни советници и еден од коалицијата на ДУИ, Беса и на Алијанса на Албанците. Во...

Овие избори со помал одзив и со поголем број неважечки ливчиња отколку во 2013 година

Впечатливо помал одзив на гласачите и поголем број неважечки ливчиња отколку на локалните избори во 2013 година е регистриран вчера, според неофицијалните податоци од ДИК, изведени од 99,57 отсто досега обработени резулати. Тоа, во светлината на бројките од вчерашните избори, зборува за одреден сомнеж на граѓаните во кандидатите и во нивните партии, а во поглед на резултатите за Град Скопје...

Блокирана одлуката за референдум во Валандово – се вмеша градоначалникот

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиновски, го запрел објавувањето на одлуката на Советот на Општината за распишување локален референдум околу продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината и со тоа ефективно го блокираше и одржувањето референдум. Како што извести граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, која ја објави одлуката на својата фејсбук-страница, Чурлиновски го запира...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокираше општините

Во редовното утринско соопштение денеска, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ го манифестирал „својот страв и антидржавното дејствување со одбивање на предлогот да се изгласа во итна постапка датумот за одржување на локални избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и на советите на општините и на Град Скопје“. Предлогот на седницата на Собранието на Република Македонија за избор на владата...

ЛП бара техничко продолжување на мандатот на локалните власти

Либералната партија (ЛП) повика на расправа за законски измени за техничко продолжување на мандатот на градоначалниците и на советите на општините, т.е за продолжување на правото на извршување само на техничките обврски на општините (плати на вработените во администрацијата, исплата на режиски трошоци, исплата на тековните привремени ситуации на фирмите што одржуваат и вршат градежни работи за локалната самоуправа,...

И во Дојран ќе се одржи референдум за рудникот Казандол

Советот на Општина Дојран вчера едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар во Казандол. Општинскиот референдум ќе се одржи на 11 јуни и на него ќе може да учествуваат сите полнолетни граѓани на општина Дојран, запишани во Избирачкиот список. Покрај за Казандол, граѓаните ќе го кажат својот став и за евентуално отворање нови рудници...

ВМРО-ДПМНЕ побара локални избори најрано на 2 јули

Одржување на локални избори во најкус можен рок, за да се деблокираат општините, побара ВМРО-ДПМНЕ денеска. Како што рече на прес-конференција пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, партијата бара парламентарното мнозинство да создаде услови за распишување избори, а во меѓувреме да го овозможи работењето на советите на општините и на градоначалниците. Милошоски предложи три можни датуми,...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...