петок, 14 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: сообраќање | 9 резултати

Железничкиот товарен сообраќај е во прекин, патничкиот ќе се одвива до полноќ

11 декември 2017

Железничкиот товарен сообраќај во Македонија е во целосен прекин од 07.30 часот утрово, а  железничкиот патнички сообраќај ќе се одвива само до полноќ, соопшти попладнево „МЖ-Транспорт“. Како што информираат од компанијата, група вработени од машинскиот и извршен персонал во „МЖ-Транспорт“, еднострано и ненајавено, решиле да прекинат со извршување на своите работни обврски, поради неисплатен втор дел […]

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

2 март 2017

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници – Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората […]

Штрајкот на вработените во МЖ продолжува, возовите и денеска не сообраќаат

21 февруари 2017

Патничките и товарните возови и денеска не сообраќаат поради штрајкот на вработените, информираат од „Македонски железници – Транспорт“. Оттаму велат дека компанијата до крајот на овој месец ќе најде начин да го исплати првиот дел од јануарската плата, а од 10 март и вториот дел од платата. – Дополнително би сакале да упатиме еден апел до […]

Лондонското метро ќе сообраќа и навечер, но само за викенди

20 август 2016

Лондонското метро почна да сообраќа и навечер, но засега само за време на викенди. За почеток се воведуваат две ноќни линии, една во должина од 74 километри, а другата 21 километар, и ќе работат петок и сабота. Лондонскиот градоначалник Садик Кан на „Твитер“ напиша дека, повторното воведување на вечерни линии ќе им помогне на илјадници работници […]

Железничката линија Скопје – Белград ќе биде во прекин до јуни

17 април 2016

Меѓународните возови на релација Скопје – Белград и обратно, од утре до 18 јуни нема да сообраќаат, соопшти „Македонски железници – Транспорт“. Како што известуваат од компанијата, двомесечниот прекин на сообраќањето на возовите е поради извршување на градежни работи на пругата на територијата на Србија, на делницата Ниш – Прешево – државна граница на Република Македонија.

Страна 1 од 1