fbpx
Таг: починат

таг: починат

Почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

Вчера во Скопје, по кратко боледување на 71 годишна возраст почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Република Македонија во Италија. По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија, сѐ до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Рим,...

Скопјанец загинал во пожар, кочанец се удавил во канал за наводнување

Две жртви на несреќи регистрирала полицијата во изминатото деноноќие, од кои едната се случила во Скопје, а втората во Кочани. Вчера, во 16.50 часот, во атарот на селото Грдовци, С.Ј.(42) од Кочани го пронашол својот татко  Д.Ј. (70) удавен во канал за наводнување. Смртта била констатирана од лекар од итна медицинска помош, а притоа не биле забележани видливи траги на насилство. Увид...

Штипјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и петгодишниот К.Г. вчера околу 20.15 часот бил пронајден мртов во неговиот стан на улицата Стојан Гологанов во Штип, информираше денеска полицијата. Засега нема информации за причините за смртта на штипјанецот, која била констатирана од страна на лекар. Јавен обвинител, лекар патолог и екипа на СВР Штип извршиле увид на местото, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатиот...

Пронајдени двајца мртви мажи во Скопје, едниот бил во трафостаница

Две мртви машки тела се пронајдени вчера во Скопје, од кои едното е на засега непознато лице, а било пронајдено во трафостаница, извести СВР Скопје. Имено, вчера вработен во „ЕВН Македонија“ пријавил во полиција дека во подземна вклучена 10-киловолтна трафостаница, лоцирана во непосредна близина на Македонска опера и балет, пронашол безживотно тело на непознато машко лице. Екипа на брза помош констатирала...

Непознат маж пронајден мртов во опожарена барака

Непознат маж бил пронајден мртов во барака во Кочани, која синоќа била зафатена од пожар, информираат од МВР. Според полициските информации, пожарот избувнал околу 23.40 часот, во лимена барака на улицата Охрдиска во Кочани, во која привремено престојувал 62-годишниот В.С., жител на градот. При гаснењето на пожарот од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани, во бараката било пронајдено починато непознато...

Тројца бегалци починале од студ во кампот Морија на Лезбос

Бегалец утринава е пронајден мртoв во кампот Морија на Лезбос. Станува збор за момче на возраст меѓу 18 и 20 години, најверојатно од Пакистан, кое починало од премрзнување. Момчето е трета жртва од студот во бегалскиот камп Морија во Грција. Викендов од студ почина и 46-годишен бегалец од Сирија, а на 24 јануари од премрзнување почина и 20-годишно момче од...

Почина диригентот Саша Николовски-Ѓумар

На 50-годишна возраст, денеска почина Саша Николовски-Ѓумар, еден од најдобрите македонските диригенти. Тој беше роден во Битола во 1966 година. Факултетот за музичка уметност на отсекот за музичка теорија и педагогија го завршил како најдобар студент на генерацијата. За време на студиите, се запишал и на отсекот за композиција и за диригирање, на кој дипломирал со највисоки почести, диригирајќи ја Вердиевата...

Прилепчанец пронајден мртов на Божиќ

Во објектот на поранешно инфективно одделение на болницата во Прилеп, вчера е пронајдено починато лице, соопшти полицијата. Смртта била констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на прилепската полиција. Констатирано е дека најверојатно се работи за лицето П.М. (26) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител над телото...

Старица починала во пожар во скопско Буковиќ

Осумдесет и тригодишната М.Б. вчера била пронајдена почината во изгорен кат од куќа во скопското село Буковиќ. Како што информира МВР, вчера во ЕИК–Скопје било пријавено дека во 13.25 часот во село Буковиќ од засега непознати причини избувнал пожар во куќа, сопственост на Р.Б. (49), при што целосно биле изгорени приземјето и катот, каде била неговата мајка М.Б., која била...

Русија: Убиството на амбасадорот е терористички напад

Убиството на рускиот амбасадор во Турција, Русија го окарактеризира како терористички напад. Портпаролката на Министерството за внатрешни работи, Марија Захарова, објави дека темата за нападот врз рускиот дипломат ќе биде поставена пред официјални лица во Советот за безбедност на Обединетите нации. Свое обраќање се очекува да има и рускиот претседател Владимир Путин. Турското министерство за внатрешни работи го зајакна обезбедувањето на руската...

Рускиот амбасадор во Турција им подлегна на повредите

Рускиот амбасадор во Турција, Андреи Карлов почина откако беше ранет со огнено оружје за време на изложбата „Русија во очите на Турците“, потврди руското министерство за надворешни работи. Мотивот на напаѓачот е непознат, но турските медиуми пишуваат дека извикувал „Ова е за Алепо“. Уште три други лица се ранети во нападот. Според пишувањата на медиумите, напаѓачот, маж во костум со вратоврска, со пиштол...

Битолчанец пронајден мртов во својот дом

Б.Д. (53) од Битола е пронајден мртов вчера попладне, околу 17 часот, во неговиот дом, соопшти полицијата. Доктор од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР-Битола, а јавен обвинител наредил обдукција врз телото на починатиот.

Кичевец најден мртов со прострелна рана во главата

Синоќа, околу 20.15 часот, полициски службеници до паркирано возило на магистралниот пат Гостивар - Кичево, го нашле починат 63-годишниот М.З. од кичевското село Трпчин Дол. Како што информираат од полицијата, кичевецот имал прострелна рана на главата, нанесена од огнено оружје, а покрај неговот тело бил пронајден и пиштол. Увид на местото извршил јавен обвинител и екипа од полициската станица во Кичево....

Почина легендарниот хумористичар Емин Унџел

Вчера почина легендата на македонскиот хумор, Емин Унџел, препознатлив како Селим Селими. Голем дел од својот работен век Унџел го посвети на хумористичната легендарна радио-емисија „Хихирику“, што се емитуваше на Македонското радио.

Хрватски државјанин пронајден мртов во автомобил со скопски регистарски ознаки

Вчера околу 18.30 часот од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека во Скопје на улица Орце Николов во автомобил „шкода“ со скопски регистерски ознаки бил пронајден починат хрватскиот државјанин Тихомир Ч.(49). По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Нов смртен случај од ебола во Сиера Леоне

Нов случај на починат од болеста ебола е регистриран во западно-африканската држава Сиера Леоне, официјално потврдиле официјални лица на земјата, само неколку часа откако Светската здравствена организација (СЗО) објави крај на епидемијата на ебола во Западна Африка, јавува „Би-Би-Си“. Сиера Леоне беше прогласена за слободна од вирусот на ебола на 7 ноември минатата година, а целиот регион беше прогласен за исчистен...

Жител на Дурачка Река се задушил од чад од пожар во својот дом

Вчера, околу 11.30 часот, во полициската станица во Крива Паланка било пријавено дека 50-годишниот Орце И. од селото Дурачка Река починал од задушување со чад, во пожар кој избувнал во неговиот дом. Како што информираат од полицијата, пожарот настанал кога од шпоретот на дрва се запалиле дел од кујнските елементи и облека. Увид на местото извршила екипа од надворешната канцеларија за...

Охриѓанец пронајден мртов во хотел „Гранит“

Во соба во хотелот „Гранит“ вчера наутро е пронајдено безживотното телото на 65-годишниот охриѓанец Владо Д. (65) од Охрид. Лекарска екипа констатирала дека кај починатиот нема траги на насилство. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и увидина екипа од СВР-Охрид, а по наредба на обвинителот, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Скопјанец пронајден мртов во својот стан

Педесет и деветгодишен скопјанец вчераутро бил пронајден мртов во својот стан на улицата Наум Чакаров, во населбата Ѓорче Петров. Според полицијата, безживотното тело на Илија Ц. вчера, околу 10 часот, го пронашла неговата сосетка М.Т. (46), која имала клуч од неговиот стан. Смртта била констатирана од лекар на итната медицинска помош. Увид на местото извршила екипа на Секторот за внатрешни работи...

МВР: Нема обдукција врз телото на Софески

По наредба на Јавен обвинител, врз телото на поранашниот воен разузнавач, Горан Софески (44) нема да се врши обдукција, информира денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Покрај ова, во информацијата во полицискиот билтен, пишува дека телото на Софески било најдено вчера (23 ноември), во 8.35 часот кај местото Бела вода, во атарот на кичевското село Раштани. „Смртта е констатирана од Итната...

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...