fbpx
Таг: парламент

таг: парламент

Унгарскиот парламент го усвои законот за подигнување ѕид на границата со Србија

Унгарскиот парламент со големо мнозинство ѝ даде поддршка на контроверзната политика на владата на премиерот Виктор Орбан кон мигратската криза со која се соочува Европа, пренесува ХРТ. Парламентот го усвоил законот кој предвидува изградба на 175 киметри долга и четири метри висока ограда на границата со Србија, која треба да ги запре илегалните премини на мигрантите во Унгарија. Најголем број од мигрантите...

Косовскиот парламент ќе одлучува за специјалниот суд за воени злосторства

Парламентот на Косово денеска треба да донесе одлука дали ќе се формира специјален суд за воени злосторства што ги извршила ОВК. Здружението на ветерани на ОВК за денеска најавува и протести, а од овие причини седницата досега неколкупати беше одложена. Претседателот на здружението, Џавит Јашари, рече дека парламентот нема да го има потребното двотретинско мнозинство за да се донесе одлуката.

Талибанците извршија жесток напад на авганистанскиот парламент

Талибанците утрово извеле жесток напад на авганистанскиот парламент, во главниот град на земјата, Кабул, каде борбите меѓу безбедносните сили и напаѓачите сè уште траат, јавува „Би-Би-Си“. Засега нема информации за евентуални жртви и за повредени во нападот. Напаѓачите детонирале автомобил-бомба пред парламентот, пред да влезат во самата зграда, пренесуваат медиумите. Полицијата ги евакуира луѓето од зградата, обидувајќи се истовремено да им возврати на...

Анархисти упаднаа во предворјето на грчкиот парламент

Грчкото собрание го доживеа првиот упад во зградата од група анархисти. Група од 20-30 анархисти влегоа во предворјето на грчкиот парламент и за малку не влегоа и во холот на зградата. Анархистите расфрлаа летоци и извикуваа слогани во знак на солидарност со политичките затвореници кои штрајкуваат со глад. На влезот немаше полиција да ги спречи да влезат во собранието,...

Велика Британија го распушта парламентот и почнува изборната кампања

Британскиот премиер Дејвид Камерон побара од кралицата Елизабета Втора да го распушти парламентот, со што и официјално ќе почне предизборната кампања за парламентарни избори, закажани за 7 мај. Денот на одржувањето на изборите е одреден уште во 2010 година, кога Камерон ја оформи коалицијата со центристичките либерални демократи. Исходот од претстојните избори е неизвесен бидејќи конзервативците и лабуристите се еднакви според...

Битолчани бараат расправа во Собранието за загадениот воздух

Битолските поборници за чист воздух од здружението „За нас се работи“, бараат собраниската расправа за загадениот воздух во земјава. Во барањето доставено до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, координаторите на пратеничките групи и до собраниската Комисија за животна средина, бараат расправа за влијанието на термоелектраните врз животната средина во земјава. - Барањето го испративме пред Нова година и сè уште...

Тепачка во турскиот парламент – се тепале со столици, чекан и со ѕвоно

Пет пратеници се повредени во тепачката што изби во турскиот парламент, за време на која летаа столици, а пратениците едни со други се удирале со чекан и со ѕвоното, кое за време на заседанијата го користи претседателот на парламентот, јавуваат турските медиуми. Тепачката избила рано наутро, откако пратениците од редовите на опозицијата се обиделе да ја одложат дебатата за спорниот предлог-закон...

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја водат таму. Затоа побарав од претставници на политичките партии во Европскиот парламент сличен напор како...

Тепачка во италијанскиот парламент

Во италијанскиот парламент денеска дошло до тепачка меѓу пратениците, поради што потпретседателот Роберто Џакети бил принуден да ја прекине седницата. Како што пренесува агенцијата АНСА, за време на расправата за тековните реформи, дошло до жестока расправија меѓу двајца пратеници од партијата Левица, екологија, слобода(СЕЛ) и Демократската партија, кои потоа се нафрлиле еден на друг и почнале тепачка. Останатите пратеници во тие...

„24 декември“ во парламентот на Јужна Африка

Седницата на парламентот на Јужна Африка вчера се претворила во вистински хаос кога левичарската опозиција го прекинала говорот на претседателот Џејкоб Зумa, по што претседателката на парламентот ја повикала полицијата да интервенира и ги исфрлила пратениците од редовите на партијата ЕФФ (Борци за економска слобода) од салата, пренесуваат светските медиуми. Дваесет и петте партеници на радикалниот популистички водач Џулиус Малеме...

Грчкиот парламент му изгласа доверба на Ципрас

Грчкиот парламент синоќа му изгласа доверба на новиот грчки премиер, Алексис Ципрас, со 162 гласа од вкупно 299 присутни пратеници, соопшти претседателката на собранието, Зои Константопулу. Ципрас, лидер на радикалната левица СИРИЗА, доби 149 гласови од својата партија и 13 гласа од својот коалициски партнер, десничарската Независни Грци. Останатите гласале против, а еден пратеник бил отсутен. Гласањето за доверба на владата...

Собраниска делегација на гости во турскиот парламент

Во организација на Европскиот парламент и Големото национално собрание на Република Турција, на 5 и на 6 февруари 2015 година во Анкара, Република Турција, ќе се одржи парламентарен семинар на тема: „Енергетска сигурност, енергетска ефикасност и поврзаност на земјите од Западен Балкан и од Турција". На семинарот ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија во состав од пратениците: Љупчо...

Украина: Привремениот воен данок останува на сила

Украинскиот парламент го продолжи времетраењето на законот за собирање воен данок, кој ќе биде на сила до завршувањето на реформите на армијата. Воениот данок од 1,5 отсто беше воведен минатата година во јули, а беше предвидено да остане на сила до 1 јануари годинава.

Грција и во вториот круг не избра претседател

Ниту вториот круг од гласањето во грчкиот парламент не е избран претседател. За Ставрос Димас гласаа 168 од вкупно 300 пратеници. Против беа 131 пратеник, а една пратеничка беше отсутна. Одлучувачки ќе биде третиот круг закажан за 29 декември. Покрај 155 пратеници на Нова демократија и на ПАСОК, за Димас гласаа 13 независни пратеници, осум повеќе од минатиот пат. За Димас гласаа...

Ќе најде ли Самарас 20 пратеници за 12 дена?

Претседател или предвремени парламентарни избори во јануари. Ваков е ставот на грчкиот премиер Андонис Самарас по вчерашниот прв круг гласање за претседател во грчкото собрание. Самарас не планира да менува кандидат, ниту изгледа дека би прифатил идеја за национален консензус за гласање претседател под услови на независните кандидати, независно од малата поддршка од само плус пет гласови покрај 155 на...

Иванов денеска ќе има обраќање пред пратениците

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе се обрати пред Собранието. Ова е редовно обраќање на претседателот на државата пред пратениците што секоја година се одржува пред крајот на календарската година.

Пратениците од Израел изгласаа распуштање на парламентот

Распуштање на Кнесетот (парламент) изгласаа, израелските пратеници вчеравечер. Со тоа се отвори патот за предвремени парламентарни избори на 17 март 2015 година, откако премиерот Бенјамин Нетанјаху смени двајца министри од својот кабинет од центристичките партии. Во Кнесетот кој брои 120 пратеници, за распуштање на парламентот гласаа 93 пратеници, а никој не гласаше против оваа одлука.  

(ВИДЕО) Тепачка во укаринскиот парламент

Во украинскиот новоизбран парламент, настана тепачка меѓу дваесетина пратеници поради политички несогласувања. Решавањето на спорот со тупаници се случил вчеравечер поради прераспроредување на претседавањето во законодавните одбори меѓу фракциите во парламентот на Украина. - Не, не, не, застанете, застанете! Престанете, почитувани колеги, престанете и ве молам да се вратите на вашите места - повторувал претседателот на парламентот, Владимир Гросман, близок соработник...

Се распушта парламентот на Израел

Израелските пратеници денеска ќе гласаат за распуштање на парламентот за да се овозможи организирање на предвремени избори. Денешното гласање е прелиминарно, а ќе се гласа следната недела, кога се очекува Кнесетот официјално да се распушти. Со тоа ќе се отвори пат изборите да се организираат две години порано. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторникот смени два министра од центристичките партии, кои не...

СИРИЗА не сака национален консензус за избор на претседател

Грчката влада и опозиција засега не наоѓаат заеднички јазик за изборот на претседател и за смирувањето на разбрануваната политичка клима во државата. Првиот човек на опозициската СИРИЗА, Алексис Ципрас, ја одби понудата на премиерот Андонис Самарас да направи заеднички договор за избор на претседател за да се стави крај на политичката нестабилност во земјата. Ципрас ги разби сите илузии...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...