fbpx
Таг: министерство за транспорт и врски

таг: министерство за транспорт и врски

И по пет месеци, тендерот за пругата кон Бугарија заглавен во предквалификација

По пет месеци од прашањата коишто „Мета.мк“ ги постави, нема промени во актуелниот тендер за реализацијата на втората фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Од Министерството за транспорт и врски информираат дека постапката за избор на изведувач сѐ уште е во фазата на предквалификација, така што допрва ќе се знае кои градежни компании ќе влезат во втората...

Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата кон Бугарија

Изградбата на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е своевиден рекордер по нереализираните ветувања кај капиталните проекти од инфраструктурата. Со своја историја на неуспешни обиди за изведба, оваа пруга влече неславна историја уште од крајот на деветнаесеттиот век. „Мета.мк“ се обиде да ја прикаже хронологијата на неуспехот на изградбата на пругата меѓу Куманово и Деве Баир единствено во годините од...

Железница предвидува два патнички воза помалку во возниот ред за 2020 година

Наместо зголемување на бројот на патнички возови, догодина е можно да сообраќаат помалку патнички возови во земјава. Според постојниот Нацрт - возен ред за 2020 година, од 15 декември би сообраќале по два воза помалку од железничката станица Скопје. Експресниот воз „Хераклеа“ на релација Скопје - Битола - Скопје е отстранет од возниот ред за наредната година. Оваа најбрза...

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет (637) на Министерството за...

Македонија меѓу последните во регионот ќе прави реформи во железничкиот транспорт

Заедно со Албанија и Косово, нашата земја останува меѓу последните во регионот што ќе прави реформи во железничкиот транспорт. Железници на РСМ - Транспорт засега е единствениот транспортен оператор во Македонија, што не е случај и во другите балкански земји. И Србија успеа пред нас да изврши поделба на државната железница на две претпријатија - „Србија воз“ надлежна за...

Со новиот ГУП за Скопје до 2032 година ќе се развива северниот дел на градот

Акцент при изработката на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на град Скопје за периодот 2022 - 2032 година ќе биде ставен на развојот на северните делови на градот. Ваквата најава ја даде скопскиот градоначалник Петре Шилегов во пресрет на отпочнувањето на процесот на подготовка на новиот ГУП. На денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, Шилегов посочи...

Србија очекува да имаме заеднички железнички граничен премин до 2021 година

Српското министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура очекува новиот заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија да биде изграден до крајот на 2021 година. Во изјава за „Мета.мк“, од Министерството во Белград нагласуваат дека Управниот одбор на Инвестициската рамка за Западен Балкан треба допрва во декември да го донесе конечниот став за финансирањето на овој проект, а дури потоа...

Идеја постои, нема волја за инвестирање во воз до аеродром (видео + инфографик)

Патувањето од скопските населби до Меѓународниот аеродром знае да чини и до 20 евра во еден правец, односно да биде поскапо и од самиот лет со нискобуџетна компанија. Доколку не се користи такси, цената на билетот за директната автобуска линија до аеродромот е 180 денари, но возниот ред не секогаш одговара на полетувањата и слетувањата на авионите од аеродромот....

Завршувањето на пругата Куманово – Бељаковце одложено за догодина

Ново одложување на завршувањето на изградбата на првата фаза од проектот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија. Наместо до крајот на годинава, довршувањето на градежните работи на пругата Куманово - Бељаковце ќе се пролонгира до 2020 година. - Бидејќи во тек на градба се јавија одредени недостатоци во проектот, потребно беше време тие да се надминат за да продолжиме...

„Интелигентниот видео надзор“ на автопатот од Табановце до Гевгелија ќе ја чека 2022 година

Наместо да биде распишан годинава, тендерот за воведување на интелигентен транспортен систем на патниот Коридор 10 ќе биде објавен во првата половина од 2020 година. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, проектната документација за изградба на комуникациско - информациски систем за контрола и управување на сообраќајот била испратена на ревизија до Градежниот факултет при УКИМ и...

Државата нема да ги преземе ингеренциите за урбанизмот од Општина Струга

Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко сè уште чекаат одговор од Министерството за транспорт и врски на писмото со кое Општината бара Министерството да ги преземе ингеренциите во областа на урбанизмот и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО. Од кабинетот на Мерко потврдија дека одговор нема, што го толкуваат како неодобрување на барањето. Деновиве при една од теренските посети на патиштата...

Сугарески: Ресорот транспорт има одлична реализација на капиталните инвестиции

За седум месеци од годинава се реализирани 24,5 отсто од владините средства наменети за капитални инвестиции, покажуваат податоците на Министерството за финансии. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска посочи дека капиталните инвестиции во неговиот ресор имаат одлична реализација во периодот јануари - јули. - Во делот на гасификацијата реализирани се 71 отсто од планираните инвестиции, во делот на...

За автомобили една гранична контрола меѓу Македонија и Србија – за воз чекаме пет години

Побрзото патување со воз и воведувањето на заедничките гранични контроли меѓу Македонија и Србија ќе ја чекаат дури 2023 година. За нивното спроведување е неопходно да се изгради нов пограничен објект до железничката станица во Табановце, за чија изведба македонските власти во моментов собираат средства од Европската Унија (ЕУ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во меѓувреме,...

Од странство ќе бараме пари за воведување на аеродромскиот воз

Министерството за транспорт и врски ќе треба допрва да ја изработува физибилити студијата за оправданоста од воведување на директен воз од Меѓународниот аеродром Скопје до Транспортниот центар. Во изјава за „Мета.мк“, од надлежното министерство велат дека тие допрва ќе се одлучат од која меѓународна финансиска институција ќе побараат поддршка за реализацијата на овој проект. - Бидејќи се работи за голем...

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско - бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Струмица - Ново Село. Регионалниот...

Немањето заеднички гранични премини го отежнува работењето на железницата

Македонија и Косово потпишале договор за воведување на заеднички гранични контроли во железничкиот сообраќај уште во 2011 година, но до денешен ден не е изградена заедничката зграда за царината, полицијата и инспекциските служби. Како што информираат за „Мета.мк“ од Министерството за транспорт и врски, ваквиот објект треба да го изгради косовската страна во Хани и Елезит, по што целокупната...

Заеднички граничен железнички премин со Србија ќе имаме дури во 2023 година

Железничкиот сообраќај меѓу Македонија и Србија во наредните години ќе биде во уште поподредена состојба во споредба со патниот превоз. За разлика од воведувањето на заедничка гранична контрола во патниот превоз на крајот од овој месец, транспортот на патници и стока со воз ќе почека на заеднички граничен железнички премин дури до 2023 година. Спогодбата за воведување на заеднички гранични...

Бројни предности од воведувањето воз до скопскиот аеродром, власта незаинтересирана (инфографик)

Воведувањето директен воз од Транспортниот центар до Меѓународниот аеродром „Скопје“ би можело да го скрати времето на патување и да ги намали трошоците на патниците, а да го зголеми комфорот при патување на оваа релација. Наспроти ваквите предности, засега нема интерес кај локалните власти за воведување ваков воз. До Град Скопје доставивме прашања за тоа дали постои интерес градската власт...

Од 2022 година на сите автопати ќе има „интелегентен видео надзор“

И покрај тоа што контролниот центар на Јавното претпријатие за државни патишта во Петровец веќе е пуштен во употреба, контролата со камери засега е воспоставена единствено на патарините. На автопатот Демир Капија - Смоквица се врши видео мониторинг на сообраќајот, но со посебен контролен центар лоциран во Неготино. Од ЈП за државни патишта за „Мета“ велат дека имплементацијата на...

Втората фаза од пругата кон Бугарија ќе почне да се гради од 2020 година

До крајот на годинава ќе се избере изведувач на втората фаза од железничкото поврзување со Бугарија, а конкретни градежни работи на терен се очекуваат на почетокот од 2020 година. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ информираат дека Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во моментов врши евалуација на пристигнатите понуди во претквалификациската фаза од меѓународниот тендер...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...