fbpx
Таг: министерство за транспорт и врски

таг: министерство за транспорт и врски

Новиот закон за урбанизам нема да ги излечи лошите навики во градењето

И со новиот Закон за урбанистичко планирање, кој веќе е влезен во собраниска процедура за негово изгласување, нема да се променат лошите навики за градење. Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Мартин Пановски за „Мета“ вели дека постојат големи недоречености во предложениот закон, кој владата веќе го усвои и го испрати до Собранието. Освен првичен состанок инициран од...

Владата подготвува влез на приватен капитал во железничкиот сектор

Македонската влада се подготвува за влез на приватен капитал во железничкиот сектор. Избрана е консултантска куќа која што до крајот на 2019 година ќе ги определи моделите за преструктурирање на Железници на Република Северна Македонија - Транспорт, по што ќе се избере најсоодветниот начин за либерализација на железничкиот сектор во земјава. Од Министерството за транспорт и врски за „Мета“ велат...

Oштетувањата на градското пристаниште во Охрид ќе бидат санирани пред летната сезoна

Министерството за транспорт и врски веќе издвоило пари за санирање на оштетувањата на градското пристаниште, а работите ќе почнат кога тоа ќе го дозволи хидролошката состојба. Од буџетот на министерството се предвидени 7,8 милиони денари (126.800 евра) за санација на пристаништата. Поради големото количество врнежи од дожд и снег и очекуваното зголемување на водостојот, работите за санацијата не може да...

Поништена постапката за субвенции за авиопревозници

По предлог на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на финансиска поддршка на авиопревозници, Министерството за транспорт и врски ја поништило постапката за доделување на финансиска поддршка. На јавното отворање на барањата, на 27 јули, имало само една понуда, којашто не била доставено согласно условите, односно на трите запечатени внатрешни пликоа не би наведен полниот назив и адреса на...

Распределени линиите за автобуски превоз во земјава и странство

Министерството за транспорт и врски ја завршило прелиминарната распределба на автобуски линии за 2018 година. Како што стои во соопштението, 91 апликација биле поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации биле за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници. За...

Бројот на патници во јануари е зголемен за 18,7 отсто во однос на истиот месец лани

Во јануари годинава, од двата аеродроми превезени се вкупно 151.381 патници, што претставува зголемување од 18,7 отсто споредено со истиот месец лани, информираат од Министерство за транспорт и врски. На скопскиот аеродром, регистрирани се вкупно 145.592 патници што во споредба со јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници, се забележува зголемување од 18,3 отсто. На аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, бројот на превезени...

За пругата до Бугарија одобрени 71,5 милиони евра

Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека е ревидирана и одобрена Секторската оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамките на ИПА 2 програмата, и со неа за железничка и патна инфраструктура се обезбедени се 127,2 милиони евра, од кои 108,1 милион евра се средства од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра се средства од Буџетот на Република...

„Македонија сообраќај“ нема лиценца, затоа не сообраќа на релација Скопје – Солун

Министерството за транспорт и врски информираше дека превозникот „Македонија сообраќај“ не сообраќа на релацијата Скопје - Солун, бидејќи нема лиценца. „На превозникот „Македонија сообраќај“, поради нередовно одржување на возната линија Скопје - Солун, пред повеќе од три години му е одземена дозволата за превоз на патници на линијата Скопје – Солун. По две жалбени постапки од страна на оваа компанија,...

Сугарески и Гарет разговарале за економската соработка меѓу Македонија и Британија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска имал средба со амбасадорот на Велика Британија во земјава, Чарлс Гарет, на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во Македонија во делот на инфраструктурата. „Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и...

Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт

Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници - Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај. Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески  на денешната...

Комуналната инфраструктура ќе се зголемува од 18 на 40 проценти

Mинистерството за транспорт и врски почна со реализација на проектот за подобрување на водоводната и канализационата мрежа во општините во Македонија, информираат од таму. За подигнување на квалитетот на комуналаната инфраструктура, министерството за транспорт и врски распиша осум јавни повици за изгрaдба или реконструкција на водоводните мрежи во повеќе места меѓу кои и во Гостивар, Ресен и во Виница. Од таму...

ВМРО-ДПМНЕ: „Македонски железници“ нема пари за плата, а купува алкохол за 24.000 евра

ЈП „Македонски железници“ нема пари да исплати плата, но сепак извршило набавка на алкохолни пијалоци во вредност поголема од 24.000 евра, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Јовановски. - Внимавајте, 24.000 евра за алкохолни пијалоци платени со државни пари, во исто време кога вработените мака мачат да добијат плата. Нема пари за пензии, за плати во „Колска“ и за други загубари,...

Сугарески се пофали со 188 милиони евра грантови обезбедени за 100 дена

За само 100 дена успеавме да обезбедиме 188,4 милиони евра грантови - неповратни средства за подобрување на патната, железничката и на комуналната инфраструктура, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во своето обраќање до јавноста по повод 100 дена на функцијата. Тој рече дека би можел со часови да зборува за ситуацијата што го затекнала него и неговиот...

Промовирана веб-апликација „Мој пат“ за пријавување недостатоци на патиштата

Автомото-сојузот на Македонија (АМСМ), Министерството за транспорт и врски, МВР и Јавното претрпијатие за државни патишта денеска ја промовираа веб-апликацијата „Мој пат“, која ќе им овозможи на учесниците во сообраќајот да пријават недостатоци на патиштата. Министерот за транспрот и врски, Горан Сугарески, на промоцијата истакна дека оваа веб-алатка ќе придонесе за воспоставување ефикасен систем за одржување на патната инфраструктура во...

Мисајловски: Власта да продолжи веднаш со изградбата на патиштата

Проектите од сферата на инфраструктурата почнати од владата на ВМРО-ДПМНЕ се од витално значење за Република Македонија и не смеат да трпат застои или одложувања, a окрај тоа сите тие пред да почнат со градба се добро подготвени со претходни анализи и мислења, порача Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ, поранешен министер за транспорт и врски. Тој го обвини СДСМ дека „си...

Вработените во „Колска“ блокираа возови во Велес

Вработените во фабриката за шински возила „Колска“ во Велес изутринава го блокираа железничкиот сообраќај. На железничката станица во Велес, утрово штрајкувачите блокираа четири патнички возови, три домашни и еден меѓународен, кои од 7 до 9 часот стоеја на станицата во Велес. Вработените тврдат дека блокадата на сообраќајот е единствениот начин да извршат притисок врз „МЖ - Транспорт“ и врз Министерството за...

Сугарески: Пропустите на автопатот Кичево – Охрид ги чинат граѓаните 120 милиони евра

Катастрофалните грешки и пропусти при изградбата на автопатот Кичево - Охрид предизвикуваат дополнителен трошок од 120 милиони евра - пари на граѓаните, изјави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, од местото Извор, Кичевско, каде ги презентираше првичните резултати од анализата на состојбите и проблемите со изградбата на делницата. - Заради лошото планирање и лошата изведба, еден од најголемите...

Македонските транспортери ќе се спасат од задолжителните „кипарски“ налепници

Македонските превозници изгледа конечно, по две и пол години, не ќе мораат на возилата да ставаат налепници, кои наводно треба да испраќаат порака за инвестирање во Македонија, а се напишани погрешно. Веб-страницата „инвест.ком“ (invest.com) не води до содржина која се однесува на промовирање на Македонија како поволна бизнис-дестинација, туку е веб-страница на компанија регистрирана на Кипар која нуди инвестициски услуги. Транспортерите задолжително треба...

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“ функционира само на хартија

Јавното претпријатие за јавен превоз „Тетово транспорт“, функционира само на хартија. Ова претпријатие се формираше пред една година за, како што посочија општинските власти, да се намали големото аерозагадување во градот, но и поради потребата од ваков превоз, со оглед на фактот дека Тетово е втор по големина град во Македонија, по фреквенција на луѓе и на возила. Студентите велат дека се...

Владата ќе им помогне на „Македонски железници“ со 70 милиони денари

Владата на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво, директна помош за оперативното работење на „Македонски железници“, соопшти Министерство за транспорт и врски. Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата со која изминатиот период се соочува „МЖ Транспорт“ и да се помогне за деблокада...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...